Очекуваме заедно да работиме на зајакнување на билатералните врски на пријателство и на соработката за мир и стабилност во регионот со целосно почитување на меѓународното право и морското право, рече портпаролот на грчката Влада Стелиос Пецас на денешниот редовен брифинг со новинарите во однос на новата американска администрација, јави дописничката на МИА од Атина.
Лидерите на земјите од Западен Балкан и на ЕУ ќе се состанат утре во Софија на самит во рамките на Берлинскиот процес.
Генералната секретарка на Советот за регионална соработка, Мајлинда Брегу денеска, на состанокот на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, нагласи дека владите на земјите од регионот ќе треба да ја преземат одговорноста за спроведување на заедничкиот регионален пазар.
Шестемина лидери од Западен Балкан ќе го усвојат планот за формирање Заеднички регионален пазар (ЗРП) на самитот во Софија што ќе се одржи утре во рамки на Берлинскиот процес. ЦЕФТА директно ќе ги спроведува клучните активности од планот.
Во првите два дена од карантинот во Грција, регистрирани се низа прекршувања на рестрикциите, меѓу кои и организирана приватна забава, протест на 14 лица на Синтагма, а надлежните органи вршат интензивни контроли, јави дописничката на МИА од Атина.
За време на карантинот во Грција, граѓаните имаат опција да испратат смс порака за физичка активност или прошетка на милениче, а конкретниот код, синоќа го искористиле над еден милион Грци
Со овие бројки на новозаразени и починати лица од Ковид-19 за неколку дена здравствениот систем во Албанија ќе доживее колапс, предупреди експертот од јавното здравство, Ерион Дашо
Републиканскиот сенатор Рој Блант, назначен да ја раководи инаугурацијата на претседателот на САД на 20 јануари, изјави дека е „малку веројатно“ дека ќе има промени на резултатите од гласањето на изборите во САД, што се оддржаа на 3 ноември
Поранешниот претседател на косовскиот Парламент и поранешен портпарол на ОВК, Јакуп Красниќи денеска во Хаг е изведен пред судија на претходна постапка на Специјализираните совети на Косово за да се запознае со обвинението што го товари за голем број воени злосторства на Косово
Во Хрватска во последните 24 часа се регистрирани 38 починати пациенти од последиците од коронавирусот и 1.529 новозаразени, соопшти денеска Националната служба за цивилна заштита