Според последниот редовен неделен извештај на Хрватскиот институт за јавно здравје, 725 пациенти починале од Ковид-19 во Хрватска, од кои 274 биле приклучени на апарати за дишење.
Во БиХ, освен во градот Мостар, в недела на 15 ноември ќе се одржат седмите локални избори од потпишувањето на Дејтонскиот мировен договор.
По серијата обвинувања од страна на опозицијата за лошото менаџирање на пандемјата со Ковид -19 , албанскиот премиер Еди Рама возврати со обвинување и порака до граѓаните да не наседнуваат на дезинформаците на опозицијата.
Министерот за надворешни работи на Турција Мевлут Чавушоглу денеска му се јавил на неговиот грчки колега за да се информира за неговата здравствена состојба, со оглед на тоа дека Никос Дендиас, од вчера е во превентивен карантин, јави дописничката на МИА од Атина.
Главната причина за ширење на вирусот во Грција и низ цела Европа беа забавите на младите, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис за време на денешната седница во Парламентот, на која информираше за ситуацијата со коронавирусот во земјата, а паралелно истакна дека зголемениот број случаи не се поврзува со отворањето на туризмот, јави дописничката на МИА од Атина.
Полицијата во Љубљана денеска соопшти дека за време на протестите минатиот четврток, користеле гумени куршуми, кои најчесто се во употреба за растурање такви собири.
Лекарската комора на Федерацијата БиХ ги предупреди денеска надлежните дека здравствениот систем во земјата е пред колапс, пациентите не добиваат адекватна нега, а една медицинска сестра се грижи за дури 20 пациенти заразени со коронавирус.
Уште еден министер во владата на албанскиот премиер Еди Рама е позитивен на Ковид-19.
Косовската Влада ги усвои денеска новите мерки за борба против ширењето на пандемијата на Ковид-19, кои ќе стапат во сила од утре, 13 ноември, а одлуката ќе биде преразгледана по две недели, „зависно од епидемиолошката ситуација“, јави дописникот на МИА од Приштина.
Вториот бран на пандемијата на Ковид-19 е во полн замав во Грција, а здравствениот систем е под голем притисок, со оглед на тоа дека заклучно со вчера, слободни се само 29 отсто од креветите на интензивна нега во болниците во земјата, јави дописничката на МИА од Атина.