Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар, предупреди дека утрово во Белград немало слободно место во болници за пациенти со Ковид-19 и посочи дека е крајно време „да бидеме обединети и да се откажеме од непотребни контакти во одреден иден период“.
Во Словенија во последните 24 часа се потврдени 1.925 нови случаи на коронавирус, а во истиот период умреле дури 41 пациент, што е најголем број на смртни случаи во еден ден од почетокот на епидемијата
Премиерот Андреј Пленковиќ рече дека Хрватска, со повеќе од 3.000 новозаболени денеска, е во „најтешкиот момент на епидемијата“ и истакна дека е клучно граѓаните да ги почитуваат преземените мерки
На фотографијата, што масовно се шири по социјалните мрежи, се гледа една жена гола до половината во еден од оградените простори за пациенти во белгардската Арена, којашто деновиве повотрно е претворена во ковид болница.
Претседателот на Европската инвестициска банка (ЕИБ), Вернер Хојер ги поздравува заложбите на Западен Балкан за Зелената агенда на Самитот на Берлинскиот процес и изразува поддршка за Економскиот и инвестицискиот план најавен од страна на Европската комисија.
Од петок во цела Грција, освен карантинот што е на сила веќе пет дена, се воведува полициски час, односно ограничување на движењето на граѓаните од 21 до 5 часот, јави дописничката на МИА од Атина.
Од петок во цела Грција, освен карантинот што е на сила веќе четири дена, се воведува полициски час, односно ограничување на движењето на граѓаните од 21 до 5 часот, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Косово во минатите 24 часа се регистрирани четворица починати и 733 новозаболени од Ковид-19, а во истиот период како излекувани се евидентирани 137 пациенти, јави дописникот на МИА од Приштина.
Министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас од денеска е во превентивен карантин, по средба со лице кое беше потврдено дека е позитивно на коронавирусот, соопштија попладнево од грчкото МНР, јави дописничката на МИА од Атина.
Србија денес ги сруши сите црни рекорди, како по бројот на новозаболени и починати, така и на оние кои се на респиратори.