-Се надеваме дека Србија ќе најде начин да се врати назад на конструктивниот реформски пат за владеење на правото и демократијата, рече тој.
Словенечкиот парламент синоќа го одобри признавањето на независна палестинска држава, отфрлајќи го барањето на главната опозициска партија за референдум за ова прашање, јави Хина.
Косовскиот премиер Албин Курти денеска изјави дека има блиска соработка со претседателката Вјоса Османи, дека имаат разлики кои, според него, не се непремостливи.
Новосадската полиција во неделата на денот на локалните изборите добила наредба од „врвот“ да не одговара на пријавите на членови на опозицијата и граѓани за настаните на Новосадскиот саем, каде беше откриен еден од најголемите т.н.„кол-центри“ на СНС.
Според соопштението на Обвинителството на Тирана, полициските службеници во соработка со сопственик на туристичка агенција обезбедиле можности за премин на најмалку 200 албански државјани депортирани од различни земји на Европската унија.
Протестот е организиран со барање за увид во записниците од избирачките места, поради сомневање дека на одредени избирачки места тие записници биле изменети и дека ноќта по гласањето биле фалсификувани гласовите.
Построго казнување на семејното насилство и поддршка на полицијата за враќање на лицата без документи преку граница се темите за кои најмногу се согласуваат хрватските гласачи, покажа истражувањето што денеска беше претставено во Загреб.
Како што изјави за агенцијата Бета организаторот на протестот, Срѓан Жуниќ, граѓаните ќе продолжат да се собираат секој ден од 10:00 часот во наредните денови, за да покажат дека „не се согласуваат со државниот врв и со нивните домашни и меѓународни политики“.
Во Вишото јавно обвинителство во Заечар, Срѓан Ј., осомничен за убиството на двегодишната Данка Илиќ, денеска целосно го негирал извршувањето на делото, јавија српските медиуми.
Високиот претставник во БиХ, Кристијан Шмит во Сараево се сретна со европскиот комесар за проширување Оливер Вархеји, соопшти Канцеларијата на високиот претставник (ОХР).