Министерот за здравство Вили Берош денеска соопшти дека новата цена на ПЦР тестовите во Хрватска ќе биде околу 600 наместо претходните 1.506 куни.
Од земјите во Европската Унија, според податоците на Евростат, во Франција и Бугарија има највисок процент на вонбрачни деца, што изнесува, соодветно – 60 отсто и 58,5 отсто
Зајакнување на сликата на грчките острови погодени од бегалската и мигрантската криза е целта на туристичката кампања на Грчката туристичка организација, а финансиски поддржана од Министерството за миграција и азил на Грција
Потребата итно да се постигне договор на европско ниво за Фондот за закрепнување, ја истакна грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на вчерашниот состанок на Европските народни партии, но и пред почетокот на денешниот самит на ЕУ, истакнувајќи дека „не постои апсолутно никаква причина зошто да не се постигне договор на овој Самит“
Турција ја гарантира безбедноста на податоците за противвоздушните системи С-400 купени од Русија, изјави денеска Исмаил Демир, турски службеник задолжен за воената индустрија
По осумчасовното сослушување, четврти ден по ред, косовскиот претседател Хашим Тачи синоќа ја напушти зградата на Специјалното обвинителство во Хаг кога изјави дека одговорил на сите прашања од Специјалното обвинителство за време на војната во Косово и после тоа, за периодот што го покрива мандатот на Специјалното јавно обвинителство
Црногорското Национално координативно тело за заразни болести им препорача на сите верски заедници на цела територија на земјата верските обреди да ги вршат без присуство на граѓани во храмовите
Хрватска од пакетот, кој се состои од Повеќегодишната финансиска рамка (ПФР) и планот за закрепнување од последиците на Ковид-19, очекува двојно поголем износ европски средства отколку што имала во изминатите седум години, изјави хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ
Румен Радев е сценарист на сè, затоа тој знае и повеќе од мене, изјави бугарскиот премиер Бојко Борисов, кој денеска пристигна во Пловдив.
ЕУ денеска ги отстрани Србија и Црна Гора од листата на земји чии граѓани можат да влезат на нејзина територија и го намали списокот на 12 држави.