Премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, по повод протестите и инцидентите пред Парламентот, остро го осуди „вандализмот на политичарите кои се одговорни за упадот во српскиот Парламент во време кога државниот и здравствен систем се соочуваат со вирусот Ковид-19“.
Српската полиција употреби најмалку 30 солзавци во обидот да спречи демонстранти да влезат во Собранието кои протестираа против воведувањето нови мерки за сречување на ширењето на новиот коронавирус.
Претседателот на Социјалистичката партија на Србија, Ивица Дачиќ, изјави дека партијата го осудува, како што изјави, „хаосот, инцидентите и насилниот упад во Националното собрание“.
Српската полиција вечерва повторно употреби солзавец кога граѓаните кои протестираат пред Собранието на Србија поради новиот полициски час, се обидоа да го пробијат кордонот уште еднаш и да влезат во Парламентот.
Поголема група студенти тргнаа од Студентски град во Нов Белград кон центарот со цел да ги поддржат граѓаните кои протестираат пред Собранието.
Српската Народна партија денеска соопшти дека ќе поднесе тужба против претседателот на Србија, Александар Вучиќ, поради воведување полициски час и ограничувања на слободата на движење на граѓаните.
Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар реагираше на информациите дека екипа на Брзата помош била запрена во извршување на својата работа, за време на протестот пред српското Собрание.
Претседателот на Обединета Србија, Драган Марковиќ Палма вечерва го осуди насилството пред српскиот Парламент и обидот за влез во Парламентот го нарече терористички чин.
Неколку десетици граѓани на Нови Сад вечерва протестираа во центарот на градот по најавата за воведување вонредна состојба во Белград, а можеби и во другите градови во Србија.
Демонстранти се судрија вечерва со полицијата во обид да влезат во Собранието на Србија. Според белградски медиуми, пред Парламентот е хаос – демонстрантите фрлаат со шишиња и камења, а полицијата според Н1 најверојатно употреби солзавец за да ја растера топлата.