Српскиот министер за здравство, Златибор Лончар реагираше на информациите дека екипа на Брзата помош била запрена во извршување на својата работа, за време на протестот пред српското Собрание.
Претседателот на Обединета Србија, Драган Марковиќ Палма вечерва го осуди насилството пред српскиот Парламент и обидот за влез во Парламентот го нарече терористички чин.
Неколку десетици граѓани на Нови Сад вечерва протестираа во центарот на градот по најавата за воведување вонредна состојба во Белград, а можеби и во другите градови во Србија.
Демонстранти се судрија вечерва со полицијата во обид да влезат во Собранието на Србија. Според белградски медиуми, пред Парламентот е хаос – демонстрантите фрлаат со шишиња и камења, а полицијата според Н1 најверојатно употреби солзавец за да ја растера топлата.
Протестот пред Собранието на Србија против новите најавени мерки за спречување на ширењето на новиот коронавирус излезе од контрола вечерва по 22 часот, јавија локалните медиуми.
Насобраните граѓани ги пробија вратите на Парламентот и влегоа во зградата.Според локалните медиуми, полицијата употребила сила во обидот да ги спречи.
По испратената протестна нота до Србија, министерката за надворешни работи на БиХ, Бисера Турковиќ ја повика денеска на итни консултации амбасадорката на БиХ во Белград
Врз основа на проценката на актуелната епидемиолошка состојба во регионот Владата на Србија денеска донесе одлука сите црногорски граѓани кои влегуваат во Србија да минат низ период на задолжителна самоизолација од 14 дена
Европска Комисија по повод одбележувањето на 25 години од злосторството во Сребреница организира дигитална конференција посветена на сеќавање, помирување и изградба на заедничка иднина на Западен Балкан
На вчерашната нивна средба преку видеоконференција главната тема била забраната за влез на туристи во Грција преку останатите гранични премини што се во нивната периферија, односно на границата со Бугарија и Турција