Гренел на Твитер напиша дека Тачи го информирал дека го откажува патувањето, по изјавата на Специјалното обвинителство.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, поранешниот командант на Ослободителната војска на Косово (ОВК) и доскорешен премиер, во објава на својот Фејсбук порача дека неговите соборци и соработници од војната „водеа чиста војна, која резултира со слобода и формирање на Република Косово“.
Еден од лидерите на Демократскиот фронт, Андрија Мандиќ денеска ја повика опозицијата во Црна Гора да се обединат и да преземат конкретни активности, се наведува во соопштението на политичката организација.
Косовскиот политички аналитичар Неџмедин Спахиу попладнево кажа дека доколку се покрене обвинение против Хашим Тачи, тој нема да може да оди на разговорите Белград-Приштина во Вашингтон, закажани на 27 јуни, и ќе мора да си поднесе оставка од функцијата.
Дописникот на британскиот „Економист“ за Балканот, Тим Џуда изјави денеска дека веста за обвинението против Хашим Тачи, Кадри Весели и други осомничени менува сè и праша дали средбата во Вашингтон сега однапред е осудена на пропаст.
Претседателот на Косово Хашим Тачи вели дека на средбата со српските државни лидери, што в сабота, на 27 јуни, треба да се одржи во Вашингтон, ќе побара припојување на Прешевската долина кон Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Специјалното обвинителство во Хаг подигна обвинение против претседателот на Косово, Хашим Тачи и претседателот на Демократската партија на Косово, Кадри Весели.
Со американски пари ќе се санираат оштетувањата на неколку објекти со културно – историска вредност, погодени од катастрофалниот земјотрес, што Албанија ја погоди на 26 ноември минатата година.
Јасно е дека сме решени да ја заштитиме надворешната граница на Европската унија и цврсто да го поддржиме суверенитетот на Грција, рече потпретседателот на Европската комисија и комесарот за надворешна политика и безбедност Џозеп Борел од Еврос, откако со министерот за надворешни работи на Грција Никос Дендиас ја посетија копнената граница со Турција.
Локалните власти во Љубљана со специјални понуди за домашните туристи ќе се обидат да ја спасат летната туристичка сезона погодена од епидемијата на коронавирусот