По тримесечен прекин,условен од пандемијата со Ковид-19, од денеска албанските власти дозволија воспоставување на градскиот и меѓуградскиот јавен превоз
Хрватскиот министер за внатрешни работи и шеф на Националниот штаб за цивилна заштита Давор Божиновиќ најави нов граничен режим за граѓаните на БиХ и на Србија, кој би можел повторно да вклучи обврска за двонеделна самоизолација
Владата на Бугарија донесе одлука да ја продолжи вонредната состојба до 15 јули поради новиот бран на заразени со новиот коронавирус, изјави бугарскиот министер за здравство, Кирил Ананиев
Стапката на регистрирана невработеност во Хрватска се зголеми за 0,1 процентни поени во мај во однос на април, на 9,5 проценти, што е највисоко ниво во последните 15 месеци, според објавените официјални податоци
За евентуалните позитивни случаи на Ковид-19 за кои не е потребно болничко лекување, во хотелите и туристичките објекти во Грција потребно е да постојат соби- карантин, согласно новата министерска одлука на министрите за финансии, за здравство и за туризам
Поради новите случаи на коронавирусот во земјата и регионот, Словенија размислува да воведе некои од рестриктивните мерки за граѓаните и повторно да ги отвори карантинските центри
Хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ нема да се изолира по краткиот контакт со светскиот рекет број еден Новак Ѓоковиќ, кој е позитивен на Ковид-19
Бугарскиот премиер Бојко Борисов ќе биде казнет со 300 лева (174 долари) заради прекршување на обврската за носење маска во затворен простор, за време на денешната посета на црквата во манастирот Рила, пренесуваат британските медиуми.
Уште еднаш ја потврдивме нашата правна перцепција дека островите имаат право на ексклузивна економска зона и континентален гребен, исто како и копното, напиша на „Твитер“ амбасадорот на САД во Грција Џефри Пајат по средбата со шефот на грчката дипломатија Никос Дендиас, јави дописничката на МИА од Атина.
Земјите-членки на ЕУ дадоа зелено светло за отворање на последното неотворено поглавје во пристапните преговори со Црна Гора