И покрај зголемениот број на заразени со Ковид-19 на западниот Балкан, Европската Комисија не ја менува препорака за отворање на границите со регионот, но потсетува дека конечната одлука ќе ја донесат земјите членки на ЕУ во наредните денови
Деведесет и три милиони евра изнесува помошта на ЕУ за Србија во борбата против кризата со коронавирус
Европската унија потврди дека дијалогот помеѓу Белград и Приштина, замрзнат од 2018, повторно ќе започне во текот на јули
Директорот на Хрватскиот завод за јавно здравје, епидемиологот Крунослав Цапак денеска изјави дека епидемиолошката ситуација во Задар дополнително ќе се закомплицира доколку српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ е позитивен на Ковид-19
Поради обилните врнежи од дожд во Србија, неколку реки се излија, во осум општини прогласена е вонредна состојба, меѓу кои и во Љубовија, каде реката урна три моста, поплавени се 700 домаќинства, а сообраќајот на неколку регионални патишта е стопиран
Меѓу 9.349 патници, кои од странство пристигнале на атинскиот и солунскиот аеродром во периодот од 15 до 21 јуни, бил регистриран 21 позитивен случај на Ковид-19, додека пак од граничниот премин со Бугарија имало пет лица заразени со коронавирусот, објави грчкиот весник „Елефтерос типос“
Словенија наредните години ќе потроши речиси 400 милиони евра за набавка за нови оклопни возила како дел од процесот за модернизација на армијата
Српскиот претседател Александар Вучиќ в сабоа ќе се сретне со американскиот претседател Доналд Трамп, објави „Њујорк тајмс“
Според најновите податоци од Институтот за јавно здравје на Црна Гора денеска се регистрирани осум лица позитивни на новиот коронавирус и сега има вкупно 51 активни случаи
И покрај тоа што за Националниот институт за јавно здравје состојбата во Хрватска сè уште е под контрола и земјата е во групата на епидемиолошки безбедни, сепак од Владата објавија дека со загриженост следат што се случува во Хрватска