Владејачката партија Движење Самоопределување (ВВ) одржа попладнево нова, втора по ред, „проба за протест“ во центарот на главниот град на Косово, на која активисти и следбеници на партијата на вршителот на должноста премиер побараа одржување парламентарни избори, наместо формирање нова влада од постоечкиот парламентарен состав.
За финансиската помош за справување со двојниот, комбиниран предизвик: миграциското прашање и пандемијата, алтернативниот министер за миграција и азил на Грција, Јоргос Кумуцакос денеска одржа средба со американскиот амбасадор Џефри Пајат.
Советот на министри на БиХ одлучи да ги отвори границите на државата кон Србија, Хрватска и Црна Гора, а од 1 јуни и аеродромите во БиХ.
Косовскиот претседател Хашим Тачи објави на својата страница на Фејсбук видео-клип, за кој тврди дека ги докажува криминалните дејствија на, според него, „групата“ на премиерот во оставка Албин Курти и „политичкото семејство на министерката за правда“ Албулена Хаџиу во бизнисот со дрога.
Со специјална рамка во висина од околу 115 милиони евра, која содржи пет конкретни мерки, грчката Влада ќе ги поддржи авиопревозниците кои бележат загуби поради пандемијата на Ковид-19
Еврокомесарот за соседска политика и преговори за проширување Оливер Вархеји денеска им порача на албанските политички партии да ја завршат изборната реформа, што е еден од условите за почеток на преговори со ЕУ
Малите и средни бизниси во Албанија се меѓу најпогодените од пандемијата со Ковид-19, тврди претседателот на Здружението на мали бизниси, Алберт Насо
Пред крајот на месецов, ќе ја имаме листа со земји чии државјани на 15 јуни ќе можат да патуваат во Грција без особени формалности, но по случаен избори ќе се проверуваат, вели министерот за туризам на Грција Харис Теохарис во интервјуто за грчката телевизија „Антена“
Србија благодарение на набавката на злато во последните години, успеа да обезбеди 31,26 тони од овој скапоцен метал и со тоа да го осигура домашниот пазар од прекумерното штетно влијание на пандемијата на новиот коронавирус врз економијата и т.н. ефект на „црн лебед“, изјави Зоран Грубишиќ, професор на Белградската академија за банкарство
Само со покани и само за поклонение, најмногу 15 верници дневно ќе можат да ги посетат манастирите во Света Гора од 1 јуни, кога по два и пол месеци делумно се укинува забраната за посети, објавија грчките медиуми