Претседателот на српската опозициска Партија за слобода и правда (ССП-членка на Сојузот за Србија), Драган Ѓилас упати отворено писмо до премиерката на Србија, Ана Брнабиќ, во кое ги демантираше тврдењата на премиерката дека „ги молел европратениците да кажат дека во Србија нема услови за избори и дека за време на епидемијата испраќал писма наместо сите заедно да се борат да спасуваат животи“
Шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ изјави денеска дека е неприфатлива одлуката на приштинската влада српските производи без посебна дозвола да не можат да влезат во Косово, доколку на придружните документи не е назначено „Република Косово“ и дека Бриселскиот дијалог нема да продолжи сè додека не се повлечат сите вакви одлуки
Обвинителството на Босна и Херцеговина предложи едномесечен притвор за премиерот на Федерацијата на БиХ, Фадил Новалиќ, суспендираниот директор на Федералната управа за цивилна заштита, Фахрудин Солак и сопственикот на „Сребрена малина“, Фикрет Хоџиќ.
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, на својот профил на Инстаграм објави ново предизборно видео, поради кое навлече жестоки критики затоа што во видеото се појавува девојче.
Високиот претставник на Европската унија (ЕУ) за надворешни работи и безбедносна политика, Жозеп Борел, изјави дека е многу јасно да ЕУ е за зачувување на постојните граници и додаде дека некои земји-членки на ЕУ се спротивставуваат на било каков чекор во оваа насока
Најмалку 2.000 демонстранти се собраа во централниот дел на Сараево за да искажат незадоволството од ситуацијата во Босна и Херцеговина. Тие се упатија во протестна прошетка кон зградата на Парламентот на БиХ
Босна и Херцеговина донесе одлука да се отворат граничните премини за граѓаните на Србија, изјави денеска заменичката на претседателот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ, во телефонски разговор со првиот вицепремиер и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ
Еколошки бонус, односно субвенција за физички лица, за компании и за такси возила, за набавка на електрични автомобили, мотори, велосипеди и мали комбиња, предвидено е да биде вклучен во новиот закон од Министерството за животна средина и енергија на Грција.
Шефицата на Канцеларијата на Европската унија во Косово, Наталија Апостолова ги повика сите политички актери во земјата да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд на Косово во врска со декретот на претседателот на државата Хашим Тачи за доделување на мандатот за формирање нова влада на партија која не победила на избори.
Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека ќе го потпише указот за новиот изборниот законик и оти со нетрпение го очекува негово заокружување до 31 мај од страна на политичкиот совет, составен од претставници на власта и опозицијата.