Најмалку 2.000 демонстранти се собраа во централниот дел на Сараево за да искажат незадоволството од ситуацијата во Босна и Херцеговина. Тие се упатија во протестна прошетка кон зградата на Парламентот на БиХ
Босна и Херцеговина донесе одлука да се отворат граничните премини за граѓаните на Србија, изјави денеска заменичката на претседателот на Советот на министри и министерка за надворешни работи на БиХ Бисера Турковиќ, во телефонски разговор со првиот вицепремиер и министер за надворешни работи на Србија Ивица Дачиќ
Еколошки бонус, односно субвенција за физички лица, за компании и за такси возила, за набавка на електрични автомобили, мотори, велосипеди и мали комбиња, предвидено е да биде вклучен во новиот закон од Министерството за животна средина и енергија на Грција.
Шефицата на Канцеларијата на Европската унија во Косово, Наталија Апостолова ги повика сите политички актери во земјата да ја почитуваат одлуката на Уставниот суд на Косово во врска со декретот на претседателот на државата Хашим Тачи за доделување на мандатот за формирање нова влада на партија која не победила на избори.
Албанскиот претседател Илир Мета изјави дека ќе го потпише указот за новиот изборниот законик и оти со нетрпение го очекува негово заокружување до 31 мај од страна на политичкиот совет, составен од претставници на власта и опозицијата.
Од грчкиот систем за прием и програмата за домување во хотели и станови, од понеделник ќе треба постепено да заминат 11.237 лица – признати бегалци и лица кои немаат право на азил.
Хрватската полиција денеска ја уапси поранешната градоначалничка на Книн, Јосипа Римац од Хрватската демократска заедница (ХДЗ), поради малверзации во Хрватски шуми.
Србија в понеделник на 1 јуни ќе ја отвори границата со Бугарија, изјави денеска српскиот претседател Александар Вучиќ
Еврокомесарот за соседство и проширување Оливер Вархеји изјави дека очекува претстојните парламентарни избори во Србија, закажани за 21 јуни, да бидат фер и ги повика сите политички партии активно да учествуваат
Косовскиот премиер во оставка Албин Курти ја оцени како неприфатлива одлуката на Уставниот суд на Косово, со која му се призна правото на претседателот на државата да го додели премиерскиот мандат на друга партија освен на онаа која победила на парламентарни избори