Во подземна пештера со длабочина од околу 20 метри во близина на грчкиот град Лутраки на Пелопонез, утрово беа пронајдени четири мртви лица на возраст од 35 до 72 години, а во акцијата за извлекување на телата учествувал 21 пожарникар со пет возила
Српскиот министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска изрази загриженост за настаните во Црна Гора и оцени дека тензиите речиси довеле до почеток на братоубиствена војна меѓу Србите и Црногорците
Редовните парламентарни, покраински и локални избори во Србија беа закажани за 26 април 2020 година
Епископот Будимско-никшиќки Јоаникие и осум свештеници на Митрополијата Црногорско-приморска (МЦП) ноќеска, по полноќ, се ослободени од притвор, соопшти Митрополијата на својата интернет страница
Метеоролошките предвидувања и најавите за невообичаено високите температури за овој дел од годината, но и за да се избегнат гужви и пренатрупаност на градските плажи, беа доволни за грчките власти да донесат одлука од денеска да се отворат 515 организирани плажи во цела Грција
Владата на Косово најави дека од 18 мај ќе се спроведуваат нови, олеснети мерки за заштита од епидемијата на Ковид-19, меѓу кои е и зголемувањето на времето што граѓаните можат да го поминуваат на отворено, од три, колку што е сега, на четири часа дневно.
По двете едноподруго изречени парични казни за телевизијата Ора њуз, Државниот здравствен инспекторат донел решение за затворање на еден од најгледаните медиуми во Албанија.
Комесарот за човекови права на Советот на Европа, Дуња Мијатовиќ, денеска нагласи дека мисата во Сараево за жртвите на Блајбург на крајот на Втората светска војна може да се претвори во глорификација на усташкиот режим, одговорен за смртта на стотици илјади луѓе.
Со половина од капацитетот и со посебни превентивни мерки ќе пловат бродовите во Грција од 18 мај до 15 јуни 2020 година согласно одлуките од Министерството за поморство на Грција по одржаниот состанок со комисијата на експерти – епидемиолози, јави дописничката на МИА од Атина.
Жителите на ромската населба Неа Смирни во грчкиот град Лариса, предизвикаа инциденти, запалија стари гуми и спречија претставници на Националната организација за јавно здравје на Грција да ги префрлат позитивните на Ковид-19 во објект во кој ќе бидат во изолација, објавија грчките медиуми.