Позитивни на Ковид-19 се две лица, од група бегалци и мигранти, кои на грчкиот остров Лезбос пристигнале од турското крајбрежје, но не се во контакт со оние кои што се сместени во бегалските кампови
Во понеделник се укинува уште една рестриктивна мерка за Грците, односно забраната за движење вон периферијата на постојаното живеалиште, па така ќе биде дозволено патување низ земјата, но само во континенталниот дел и на островот Крит
Грчката Влада ќе очекува денешните предлози, одлуки и упатства од Европската комисија за потоа да го финализира и да го соопшти својот комплетен план за туризмот, објаснија државниот министер Јоргос Герапетритис и портпаролот на владата Стелиос Пецас, во синоќешните, одделни интервјуа за две грчки телевизии
Двајца свештеници од СПЦ во црногорската општина Бијело поље синоќа биле повикани на информативен разговор, поради присуство на протестен собир два часа претходно
Активисти на Движењето самоопределување (ВВ) на вршителот на должноста премиер на Косово Албин Курти излегоа попладнево на плоштадот „Скендербег“ во центарот на косовскиот главен град, на, како што е објавено, „проба за протести“ во случај другите косовски парламентарни партии да формираат нова влада.
Словенечката Влада објави дека епидемијата на коронавирусот и дефинитивно е ставен под контрола, а денешна објавената информација за само едно новозаразено лице го потврдува тоа, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Владата на Република Србија на денешната седница го усвои протоколот за влез на граѓаните на Србија и на странските државјани во Република Србија, во согласност со епидемиолошката состојба и заштитата на населението од заразна болест КОВИД-19, соопштија од владината прес служба.
Πод посебни правила и прописи в недела, на 17 мај 2020 година црквите во Грција ќе започнат со литургии за верниците, како и со религиозни обреди, како што се венчавки и крштевки.
Комесарот за проширување Оливер Вархеи проценува дека ЕУ и Западен Балкан со зајакнати односи излегуваат од кризата со Ковид-19.
Со вчерашното отворање на продавниците и враќањето на работа на седум од десет државни службеници, се зголеми и бројот на граѓани кои го користеле јавниот превоз во Атина