Србија досега има евидентирано 9.557 заразени лица со новиот коронавирус, 197 починати и 1.574 излекувани граѓани
Во Бугарија во последните 24 часа се регистрирани 21 нов случај на заразени со вирусот Ковид-19, со што вкупниот број изнесува 1.632, соопшти Националниот кризен штаб
Мицотакис денеска ја посети претседателската палата за и одблиску да ја информира Сакаеларопулу за справувањето со Ковид-19, како и за економската димензија на пандемијата
Во последните 24 часа во Хрватска потврдени се пет нови случаи на Ковид-19, а едно лице почина
Покрај фактот што во Албанија трендот на новозаразени опаѓа, а бројот на излекувани расте, познатиот албански инфектолог Тритан Кало упати апел до граѓаните да продолжат со почитувањето на препораките и да бидат максимално внимателни
Опозициските партии во Словенија поднесоа интерпелација за министерот за економија Здравко Почивалшек, поради, како што наведоа, контраверзната набавка на респиратори и медицинска заштитна опрема
Главниот град на Грција, со укинувањето на забраната за движење, од денеска, полека почнува да се враќа во нормала, сообраќајниот метеж е одново присутен речиси на сите улици, граѓаните, по 42-дневен карантин излегоа од дома, но се прилагодуваат на новото секојдневие и новите правила – да држат растојание, да чекаат ред пред продавниците, да носат маска онаму каде што е потребно
Членови на раководствата на Демократскиот Сојуз на Косово (ЛДК), Алијансата за иднината на Косово и Социјалдемократската иницијатива (Нисма) се собраа денеска во седиштето на ЛДК за да ги разгледаат можностите за реализирање на договорот кој го постигнаа за формирање на новата влада на Косово
И додека српскиот претседател Александар Вучиќ за денес закажа средба со партиите за одредување датум за изборите во јуни, по укинувањето на вонредната состојба на Ѓурѓовден, политичката борба предизвикана од протестите преку „бучава со тенџериња“ и контрапротестите со „факели и силна музика“ се заострува
Националниот институт за јавно здравје на Словенија објави дека втор ден по ред во земјата не се регистрирани новозаразени со коронавирусот