Во близина на италијанскиот пристанишен град Бари, запленети се околу 900 килограми марихуана и хашиш, прошверцувани од Албанија, пренесува Ора њуз, повикувајќи се на италијанските власти
Нешто повеќе од 57 отсто од српските граѓани веруваат дека владата презела соодветни мерки во борбата против епидемијата на коронавирус, а 63 отсто сметаат дека поради епидемијата треба да се одложат изборите за есен, покажаа резултатите според анкетата на Новата српска политичка мисла (НСПМ) објавена во неделникот Време
Парламентот оваа година нема да ја прекине работата за летната сесија и од сега до 31 јули имаме 26 закони што требаше да се донесат, рече грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис на почетокот на денешната владина седница, објаснувајќи им на министрите дека до крајот на јули, е особено набиена законодавната агенда
Формирањето заеднички пратенички клуб на Демократската партија (ДС) и Социјалдемократската партија (СДС) може да биде чекор кон ново групирање на опозицијата во Србија, каде стожер или клучна фигура би бил поранешниот претседател и лидер на СДС, Борис Тадиќ, објави белградскиот весник Дана
Ако нема повторно зголемување на бројот на заразени со коронавирусот, границата меѓу Словенија и Хрватска може повторно да биде отворена до крајот на мај
Лидерот на Алијансата за иднината на Косово (ААК) Рамуш Харадинај објави дека е постигнат договор со Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) за формирање нова заедничка влада која ќе ја води потпретседтелот на ЛДК Авдулах Хоти
Во Словенија се регистрирани десет нови случати на лица заразени со коронавирусот
Српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура, Зорана Михајловиќ, изјави дека „Србија е подготвена да го отвори и да започне со воздушниот авиосообраќај на 18 мај“, но додаде дека тоа зависи од другите земји на ЕУ и кога тие земји ќе дозволат летови од нејзините аеродроми
Казната за неносење маска во Грција на местата каде што е задолжителна употребата, се очекува да биде 150 евра, според грчките медиуми, додека пак предвидени се високи парични казни и за непочитувањето на мерките и правилата во продавниците, фризерските и козметичките салони и слично
Во последното деноноќие во Албанија од тестираните 270 сомнителни случаи позитивен резултат е добиен кај 16 од нив, со што бројот на вкупно заразените од Ковид-19 во земајта се зголеми на 766 лица