Во Словенија вчера се направени 1352 нови тестирања за коронавирусот од кои позитивни биле само пет, што претставува најмал број новозаразени лица од почетокот на епидемијата
Албанскиот премиер Еди Рама беше пречекан со протести во градот Фиер, каде пристигна за да одблиску се запознае со текот на работите околу уредувањето на центарот на градот
Словенечкиот премиер Јанез Јанша за во понеделник го свика Советот за национална безбедност, а на дневен ред ќе биде продолжувањето на борбата со коронавирусот и оценка на ризиците за сајбер безбедноста поврзано од 5Г технологијата
Во Косово вчера се потврдени седум нови случаи на заболени од Ковид-19, со што продолжи неколкудневниот тренд на опаѓање на бројката на лица кај кои, по извршените тестирања, е откриено присуството на новиот коронавирус
Рестриктивните мерки и забраната за непотребно и неоправдано движење за граѓаните во Грција, резултира оваа година Денот на трудот да не се одбележи со традиционалните протести на синдикатите на први мај, туку манифестациите да се префрлат за првата сабота по укинувањето на забраната, односно на 9 мај
Акцијата „Подигни глас: Со бучава против диктатурата“ ја покренаа иницијативата „Не дави го Белград“ и „Граѓански фронт“.
Како што јави дописникот на МИА од Приштина, според партијата предводена од вршителот на должноста премиер, Албин Курти, доделувањето мандат на Хоти од страна на Тачи претставува прекршување на Уставот.
Институтот за јавно здравје на Словенија го објави правилникот за начинот на кој ќе можат да работат угостителските објекти, а според него на иста маса ќе можат да седат само членови на исто домаќинство.
Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) достави денеска до Собранието на Косово барање за вонредна собраниска седница на која ќе се расправа за предлогот на мандатарот од неговите редови, Авдулах Хоти, за состав на новата влада на Косово.
Пилотски, постепено и во фази ќе се укинуваат рестриктивните мерки и за спортистите во Грција започнувајќи од 5 мај 2020 година кога ќе може и да почнат со индивидуални тренинзи, на отворено и со придржување кон мерките за хигиена и заштита од новиот коронавирус.