Светската банка одобри пакет помош за Босна и Херцеговина во вредност од 33,6 милиони евра, потврдија од канцеларијата на Светската банка во Сараево со објаснување дека сумата е наменета за справување со пандемијата на новиот коронавиру
Словенечката државна телевизија (ТВСЛО)објави документи, преписки и снимени телефонски разговори во кои според медиумот, се слуша гласот на министерот за економија Здравко Почивалшек, како договара која фирма и како треба да го добие тендерот за набавка на заштитна и медицинска опрема
Шефицата на канцеларијата на Европската унија (ЕУ) во Косово Наталија Апостолова порача денеска дека нејзините средби со лидерите на косовските политички партии не значат дека таа се согласува со нивните позиции
Кога зборуваме за европска поддршка, опиплив доказ би бил да се поддржи туризмот во земјите на југ, рекол грчкиот Премиер Кирјакос Мицотакис на вчерашниот Самит на ЕУ и истакнал дека треба навреме да се даде позитивен сигнал на туристичкиот пазар
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) објави дека во текот на вчерашниот ден во земјата се потврдени нови 39 случаи, кои од извршените испитувања резултираа позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на носители на новиот коронавирус во Косово достигна до 669
Одговарајќи на новинарско прашање за надворешниот туризам и критериумите за патување, тој објасни дека во овој момент постои неизвесност за конкретното прашање, кое го разгледува и надлежната експертска комисија во Министерството за здравство на Грција, но не постојат доволно научни податоци.
Уште четири лица во Грција починаа од Ковид-19, со што бројот на жртвите се зголеми на 125 лица, а регистрирани се 55 нови случаи, од кои 28 се меѓу вработените и пациентите во здравствен центар во Атина, а според грчките медиуми, станува збор за приватна клиника.
На денешната прес-конференција, по одлуката на ЛДК да го кандидира Авдулах Хоти за нов премиер, Курти рече дека веднаш штом ја добие официјално одлуката за доделување на мандатот на ЛДК, истата ќе ја оспори пред Уставниот суд.
Локалните власти на Велење остро реагираа на најавите на раководството на гигантот Велење, дека поради голем пад на прометот отказ ќе добијат над 2000 работници, јави дописникот на МИА од Љубљана.
Србија досега има евидентирано 7276 заразени лица со коронавирус, 139 починати и 1063 излечени граѓани, јави дописникот на МИА од Белград.