Во последното деноноќие во Албанија регистрирани се 24 нови случаи на Ковид-19, што е за пет случаи повеќе споредено со вчера
На инфективната клиника на Клиничкиот и универзитетски центар на Косово денеска, како последица на заразата од новиот коронавирус, почина 73-годишна жена од Пеќ, која е десеттата жртва на епидемијата на Ковид-19 во Косово
Албанскиот премиер Еди Рама од собраниската говорница денеска оцени дека земјата води војна со Ковид-19 на два фронта
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин за време на посетата на Прифатниот центар за мигранти во Обреновац, изјави дека српската армија ги обезбедува сите кампови и води сметка никој да не ги напушти
Специјалниот претставник на Европската унија за дијалогот на Косово и Србија, Мирослав Лајчак, изјави дека тој како дипломат ги признава сите одлуки на меѓународните организации, вклучително и на Меѓународниот суд на правдата (МСП) за прогласување на независноста на Косово, одлука со која не се нарушува меѓународното право
Словенија донесе одлука на граѓаните повторно да им дозволи некои спортски активности кои беа забранети со цел да се спречи ширењето на коронавирусот
Српската министерка за градежништво, транспорт и инфраструктура Зорана Михајловиќ изјави денеска дека меѓународниот транспорт преку Србија функционира добро, затоа што снабдувањето е неопходно, не само од аспект на медицинската опрема
По подолго време во Словенија не се регистрирани нови случаи на лица починати како последица на коронавирусот
Уставниот суд на Словенија ја почна постапката за оценување на уставноста на одлуката на Владата со која на граѓаните, како една од мерките за спречување на ширењето на коронавирусот им забрани да ги напуштаат општините во кои живеа
Новиот државен секретар во Министерството за внатрешни работи на Словенија, Франц Брезник, поднесе оставка, откако полицијата го фати дека вози службен автомобил побрзо од дозволеното и под дејство на алкохол