Бегалскиот камп „Малакаса“ во близина на Атина, од утрово е во 14-дневен карантин откако беше потврдено дека 53-годишен бегалец од африканските земји е позитивен на Ковид-19
Во Албанија дијагностицирани се нови 28 случаи со Ковид-19, меѓу нив и едно дете, со што официјалната бројка на заразени со новиот коронавирус се зголеми на 361 лице
Во изминатите 24 часа, лабораториите во Словенија потврдија 20 нови случаи на лица заразени со коронавирусот
Во лабораториите во Бугарија досега се направени вкупно 15.899 тестови за Ковид-19, соопшти Министерството за здравство во Софија
Институтот за јавно здравство на Косово (ИШПК) информира дека вчера се потврдени нови пет случаи кои, од извршените испитувања во текот на денот, резултирале позитивни на Ковид-19, со што официјалната бројка на заразени со новиот вирус во земјата достигна до 140
Привременото ограничување на движењето на граѓаните во Грција што стапи во сила на 23 март, денеска е продолжено до 27 април 2020 година.
Во Бугарија досега се потврдени 503 случаи на Ковид-19 од кои 17 луѓе починале, соопшти Националниот оперативен штаб.
Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се пет нови смртни случаи со што вкупниот број на починати се искачи на 44 лица, изјави на редовната прес конференција на владиниот кризен штаб лекарот Горан Стевановиќ
За исплаќање на вонредните трошоци за справување со коронавирусот, Министерството за финансии на Грција отвори специјална сметка за донации
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) денеска протестираше поради „брзоплетите“ одлуки на државата, „злоупотребата на државните органи и судството и нападите на провладините медиуми врз независните новинари“ и ја предупреди јавноста за растечкото нарушувања на слободата на изразување, безбедноста на новинарите и протокот на навремените информации