Во Бугарија досега се потврдени 503 случаи на Ковид-19 од кои 17 луѓе починале, соопшти Националниот оперативен штаб.
Во Србија во изминативе 24 часа регистрирани се пет нови смртни случаи со што вкупниот број на починати се искачи на 44 лица, изјави на редовната прес конференција на владиниот кризен штаб лекарот Горан Стевановиќ
За исплаќање на вонредните трошоци за справување со коронавирусот, Министерството за финансии на Грција отвори специјална сметка за донации
Независното здружение на новинари на Србија (НУНС) денеска протестираше поради „брзоплетите“ одлуки на државата, „злоупотребата на државните органи и судството и нападите на провладините медиуми врз независните новинари“ и ја предупреди јавноста за растечкото нарушувања на слободата на изразување, безбедноста на новинарите и протокот на навремените информации
Стар турски танкер, кој тргнал од пристаништето Алиага во Турција, вчера наутро бил забележан сомнително да плови во морскиот дел меѓу грчките острови Самос и Хиос, пишува „Катимерини“ и коментира дека случајот потсетува на оној од 16 март 2020 година кога турски танкер со 196 нелегални мигранти се засука во близина на грчкиот остров Кеа
Во Албанија следната недела се очекува коронавирусот да го достигне врвот
Независната служба за јавни приходи на Грција го прекинува разгледувањето на електронски поднесените барања за промена на постојаното место на живеење од даночните обврзници, со цел да се спречи прекршување на мерките за забрана за движење и масовен излез на граѓаните од урбаните средини во пресрет на Велигден, објавија грчките медиуми
Во Албанија се зголемува бројот на заразени со Ковид-19, но и на излекуваните и починати лица
Епидемиологот и член на српскиот владин кризен штаб, д-р Предраг Кон, оцени денеска дека оваа и следната недела во Србија се очекува да кулминира епидемијата со коронарен вирус, наведувајќи дека земјата не ги „држи конците во свои раце“, бидејќи во моментов не.може да ја следи ситуацијата кој од кого се заразил
Според податоците на Националниот институт за јавно здравје во Словенија се потврдени 43 нови случаи на лица заразени со коронавирусот, јави дописникот на МИА од Љубљана.