Претседателот на Република Српска, Милорад Додик изјави денеска дека односите меѓу Бања Лука и Сараево можеби се на најлошо ниво и дека мирот е единствената вредност за која се залага.
Во голема полициска акција, во содејство со Специјалното обвинителство против организиран криминал и корупција (СПАК), спроведена во повеќе градови во Албанија, запленет е имот вреден над 4,5 милиони евра.
Вршителот на должноста во Постојаната мисија на Србија во Обединетите нации (ОН), Саша Март побара повлекување на текстот на резолуцијата за геноцидот во Сребреница.
На Годишната конференција на Регионалната феминистичка антифашистичка мрежа (ФАМа) претставен е и текст за поддршка на европската граѓанска иницијатива за безбеден и достапен абортус за сите жени во ЕУ.
Владата на Косово одлучи да го продолжи рокот за пописот на населението, семејните економии и домувањето за уште една недела, односно до 24 мај, јави дописникот на МИА од Приштина.
По десетчасовна дискусија, хрватскиот Сабор ја изгласа третата влада на Андреј Пленковиќ, поранешен и иден премиер и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ).
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ вечерва изјави дека причина за судирот на патничкиот и товарниот воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, во кој нема жртви е човечки фактор.
Девет лица се повредени при судар на патнички и товарен воз во тунелот Вуков споменик-Панчевачки мост, блиску до излезот кон Панчевачки мост, јави РТС.
Претседателката на Косово, Вјоса Османи, откако прашањето за членството на Косово во Советот на Европа денеска не беше ставено на дневен ред во Комитетот на министри, изјави дека „Република Косово ќе биде 47-та членка на Советот на Европа“ и дека тоа е едноставно прашање на време, јави дописникот на МИА од Приштина.
Според Хасани, „сите мора да дејствуваме брзо за да го исполниме она што му го должиме на народот на Косово!“.