Српската полиција приведе 25-годишен маж од Књажевац, откако во една продавница на продавачката и кажал дека доаѓа од Италија и дека ќе ги зарази со коронавирус, соопшти Министерството за внатрешни работи на Србија
По серијата земјотреси што го погодија Загреб, досега се пријавени 5.500 оштетени објекти
Министерот за внатрешни работи на Хрватска и шеф на Штабот за цивилна заштита Давор Божиновиќ најави нови мерки против ширење на заразата со коронавирус, вклучително и забрана за напуштање на престојот и запирање на меѓуградскиот сообраќај
Во текот на вчерашниот ден, од претпладневните па сѐ до вечерните часови, со прекини, имало нови инциденти на грчко –турската граница кај Еврос , објавија локалните медиуми
Се работи за 67 годишно лице, кое во Универзитетскиот клинички центар во Љубљана било донесено од домашно лекување и во тешка состојба. Според лекарите човекот не починал како директна последица од Ковид-19 и објаснија дека се работ за многу компликуван случај
Наместо во 14-дневна домашна изолација, како што е предвидено, 19 грчки граѓани кои се вратиле од странство, при спроведените контроли биле вон или околу нивните домови и им била изречена казна од 5000 евра, според заменик –министерот за цивилна заштита на Грција, Никос Хардаљас
За еден сантиметар е зголемен водостојот на Преспанското Езеро, а нивоата на Охридското и Дојранското Езеро се исти како вчера, покажуваат последните мерења направени од Управата за хидрометеоролошки работи
Црна Гора не размислува за воведување вонредна состојба заради спречување на ширењето на коронавирусот, изјави министерот за одбрана Предраг Бошковиќ, додавајќи дека тоа зависи само од однесувањето на граѓаните и нивното почитување на мерките
Во Албанија се зголемува бројот на починати лица од „Ковид 19“. Утрово регистрирана е четвртата жртва, маж на 43-годишна возраст,кој бил хоспитализиран во Инфективната клиника во Тирана
Албанскиот премиер Еди Рама продолжува да ги повикува граѓаните строго да ги почитуваат препораките кои се однесуваат на забраната за движење и да не ги кршат утврдените часови за тоа