Српската премиерка Ана Брнабиќ за денеска свика итен состанок во врска со квалитетот на воздухот и мерките што се преземаат
Претседателот на Косово Хашим Тачи побара денеска правда за сите масакри што се случија во војната од 1998-99 година и порача дека, „порано или подоцна, Србија ќе одговара за геноцидот и етничкото чистење што го изврши во Косово“
Лидерката на опозициското Социјалистичко движење за интеграција (ЛСИ) Моника Круемади, во првата реакција по постигнатиот договор за изборните реформи меѓу власта и опозицијата, порача дека опозицијата ја презела одговорноста и оти сега редот e на Владата да ги исполни условите на Бундестагот
Словенечкиот премиер Марјан Шарец во интервју за ДЕЛО кажа дека нема никаква опасност од пад на словенечката влада
Светската организација за здравје на животните (ОИЕ) денеска соопшти дека во фарма во северозападна Романија откриен е вирус на птичји грип Х5Н8
Со одлука на грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис се формира ново Министерство за миграција и азил, а министер ќе биде досегашниот заменик министер за труд, Нотис Митаракис, соопшти денеска портпаролот на владата, Стелиос Пецас
Кога сите имаат Black Friday, хотелите во Солун имаат не еден, туку два Black Weekends, соопштуваат од Сојузот на хотелиери на Солун најавувајќи ја нивната кампања за два викенди во јануари со попусти за посетителите
Хрватската Влада официјално потврди дека е во процес на набавка на повеќенаменски борбени авиони, процедура што денеска ќе биде доставена до САД и Шведска за нови, а за користени авиони до Франција, Италија, Норвешка, Грција и Израел
Албанските обвинители издадоа потерници за 38 лица заради непочитување на прописи при градба на згради што придонесе за уривања и оштетувања во Тирана и околните општини во земјотресот од 26 ноември
Неучеството на Грција на состанокот во недела на Берлинскиот процес за ситуацијата во Либија беше причина за меѓусебни обвинувања меѓу власта и опозицијата за тоа кој е одговорен што земјата не доби покана за да биде дел од разговорите