Центарот „Симон Визентал“ остро протестираше против одлуката на словенечкиот Врховен суд да ја поништи од процедурални причини пресудата со која домобранскиот генерал Леон Рупник беше осуден на смртна казна и егзекутиран во 1946 година
„Хјуман рајтс воч“ во својот годишен извештај за состојбата со човековите права нагласува дека, Хрватска и покрај тоа што ги повредила и нелегално враќала мигранти во БиХ и Србија, кршејќи закон за бегалци и права на ЕУ, тие не ги сносат последиците на европските институции
Мисиите на Европската унија и на ОБСЕ во Тирана експресно реагираа по постигнатиот договор меѓу власта и опозицијата за изборните реформи,оценувајќи го како многу значаен чекор.
По долгата и длабока политичка криза во која западна Албанија, денеска првпат претставници на владејачкото мнозинство и опозицијата седнаа на заедничка маса за изборните реформи.
Потпретседателот на косовската влада во оставка Енвер Хоџај изјави дека актуелните власти во Србија, во нивните напори за негирање на независноста на Косово, продолжуваат да ги користат методите на поранешниот српски лидер Слободан Милошевиќ, јави дописникот на МИА од Приштина.
Агенти на американското Федерално истражно биро (ФБИ) во Словенија истражуваат евентуално перење ирански пари, во кое наводно е вмешана и српската Влада, објави словенечката телевизија НОВА 24.
Албанскиот претседател Илир Мета повторно изрази загриженост за опасноста од депопулацијата.
Српскиот претседтел Александар Вучиќ, реагирајќи денеска на загриженоста на европратеничката Тања Фајон, поради можноста за намалување на изборниот цензус во Србија на три проценти.
Турски воени авиони Ф-16, во три наврати во периодот меѓу 10,02 и 10,48 часот по локално време, без претходно да достават план за летање, го нарушиле грчкиот воздушен простор, објави грчката новинска агенција АНА-МПА, јави дописничката на МИА од Атина.
Во текот на 2019 година, во Грција биле родени 86.440 деца, а починале 119.446 лица, со што бројот на популацијата се намалил за 33.006 и минатата година изнесувал 10. 724. 599 Грци.