Романскиот премиер Лудовик Орбан денеска изјави дека ќе се залага предвремените избори во земјата да се одржат до средината на годината.
Српското Министерство за животна средина процени дека намалувањето на загадувањето на воздухот Србија ќе ја чини 2,4 милијарди евра.
Бугарскиот министер за заштита на животната средина Нено Димов денеска поднесе оставка откако изминатата ноќ ја мина во притвор по испитувањата заради рестрикциите на водата во градот Перник и увозот на отпад, соопшти бугарската Влада
Владата во оставка на Косово одлучи денеска да издвои 250 илјади евра за поддршка на Глобалната коалиција за борба против терористичката Исламска држава
Европската Унија набрзо ќе организира донаторска конференција со цел да се соберат средства за ублажување на последиците од земјотресот во Драч, Албанија што се случи на 26 ноември минатата година
Ескалацијата на конфликтот помеѓу САД и Иран по убиството на иранскиот генерал Касим Сулејмани, ја зголеми будноста на албанските власти во најчувствителниот дел од оваа ситуација, кампот „Ашраф 3“ на муџахедините во Манз, во близина на Драч
Претседателот на Косово Хашим Тачи му се обрати на лидерот на Движењето Самоопределување (ВВ) Албин Курти со ново писмо, во кое бара во најкраток рок да го информира кој ќе биде мандатарот од неговата партија, како победничка на октомврските парламентарни избори, за формирање на новата влада на Косово
Како што јави дописникот на МИА од Загреб, теми на состанокот се актуелните состојби во Унијата, Брегзит, европските „зелени проекти” и Шенген
Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија, Љуљзим Баша, изјави дека според влијателната меѓународна кредитна агенција „Фич“ за 2019 година, Албанија „станала уште поризично место за инвестирање“
Албанскиот претседател Илир Мета реагираше по објавувањето на извештајот на кредитната агенција „Фич“, за 2019 година, според кој Албанија е со влошен рејтинг на нивото на перцепција на инвеститорите, јави дописничката на МИА од Тирана.