Третиот саем за вино, храна и туризам „Винска визија на Отворен Балкан“ ќе се одржи на Белградскиот саем од 22 до 24 ноември 2024 година со поддршка на владите на Република Србија, Северна Македонија и Албанија, јави дописникот на МИА од Белград.
-Денеска на седницата на Президиумот на СНС одлучивме за повеќе прашања и теми. Поднесувам барање седницата на Собранието да се одржи утре. Ќе ви го прочитам предлог составот на Влада, рече Вучевиќ.
Германскиот канцелар Олаф Шолц, на денешната средба во Берлин со црногорскиот премиер Милојко Спајиќ, истакна дека „крајно време“ е Црна Гора да стане членка на Европска Унија и оцени дека е постигнат „голем напредок“ во исполнувањето на стандардите за членство.
Директорот на АСК, Авни Кастрати на денешната прес-конференција кажа дека досега бројот на попишани е околу 900 илјади лица, поради што е оптимист дека процесот ќе заврши навреме.
Меѓу осудените се тогашниот началник на противпожарната служба, неговиот заменик, како и други функционери од службата кои биле на клучни позиции.
Министерката за труд и социјална заштита на Црна Гора, Наида Нишиќ денеска најави дека до крајот на годината во Црна Гора може да се очекува воведување седумчасовно работно време.
Според Стано, тоа што Србија и Косово досега не успеаја да постигнат напредок во дијалогот и во имплементацијата на договорените обврски не претставува неуспех на ЕУ или на посредникот Лајчак, туку нивни неуспех да испорачаат.
Постојаната мисија на Малта во ОН потврди дека утре, 30 април, во 21 часот ќе се одржи итна седница на Советот за безбедност на ОН за ситуацијата во Босна и Херцеговина (БиХ) на барање на Русија.
Кинескиот претседател Си Џинпинг ќе престојува во официјална посета на Србија на 7 и 8 мај, а домаќин ќе биде српскиот претседател Александар Вучиќ.
Пријавувањето за поштенското гласање започна на средината на февруари, а завршува вечерва на полноќ.