Митингот на „Движењето за народот и државата“, на иницијатива на претседателот Александар Вучиќ, ќе се одржи од 11 до 13 април на платото пред Народното собрание на Србија во Белград, објавија Новости.
Српскиот министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ изјави денеска дека меѓународните потерници за апсење за Додик и Стевандиќ се уште не се разгледани од Генералниот секретаријат на Интерпол во однос на исполнувањето на условите за нивно објавување.
Мицотакис истакна дека треба што е можно поскоро да се постигне прекин на огнот, потсети дека Украина во принцип го прифати таквиот предлог, што „за жал, Русија сè уште не го прифати“.
Белгиската Влада разгледува опции за изнајмување или изградба на затворски објекти во други европски држави, каде би ги испраќала странските државјани, кои се во затвор во Белгија.
Членовите на организацијата користеле возила од странство, главно од Бугарија со кои мигрантите се пренесувале од грчко-турската граница кај Еврос во внатрешноста на земјата.
- Иднината на Србија е во ЕУ, изјави Мерсие, додавајќи дека ЕК е во контакт со своите партнери во Србија во напорите за постигнување веродостоен и видлив напредок во спроведувањето на реформите, во што треба да се вклучи целото општество.
Мицотакис во Ерусалим ќе се сретне со претседателот на Израел Исак Херцог и израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху.
Бројот на посетители на Грција во јануари годинава се зголемил за 11,4 отсто споредено со истиот период лани, а зголемување за 7,5 проценти има и во приходите од туризмот во конкретниот месец, согласно податоците на Банката на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Во Тузла, БиХ, во тек е голема потрага откако надојдената река Јала однела двајца полицајци и уште едно лице, јавува „Дневни аваз“.
Не само што се иселуваат, туку се повеќе граѓани се откажуваат и од албанските пасоши, што го потврдуваат и податоците на Министерството за внатрешни работи, но и Евростат.