Гордан Јандроковиќ, спикерот на последниот состав на хрватскиот парламент ги коментираше првите излезни анкети во седиштето на ХДЗ.
На Копаоник се измерени три сантиметри снег, соопшти вечерва за агенцијата Бета локалната метеоролошка станица.
Во Хрватска денеска се одржаа 11-те парламентарни избори од прогласувањето на независноста во 1991 година. Во 7:00 часот беа отворени над 6.500 избирачки места на кои ќе се гласа до 19 часот, до кога е во сила изборниот молк.
Централната изборна комисија на Косово објави дека само десет гласачки центри од вкупно 43 се достапни во четирите северни општини, населени со мнозинско српско население, за гласањето на 21 април за смена на градоначалниците од функцијата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Бугарскиот претседател Румен Радев денеска изјави дека во петок ќе повика вршителот на должноста премиер Димитар Главчев на разговор за неговите предлози за промени во владиниот кабинет.
Претседателот на Република Српска, Милорад Додик на денешното рочиште во Судот на Босна и Херцеговина во Сараево изјави дека Обвинителството на Босна и Херцеговина се обидува од ништо да извлече релевантни докази.
Американскиот амбасадор во Косово, Џеф Ховениер, по повод денешниот ден на жалост во Косово по двете убиства на жени последните неколку дена, изрази почит на жртвите на фемицид и родово насилство во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Албанскиот министер за Европа и надворешни работи, Игли Хасани во Хаг го посетил поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, кому му се суди за воен злосторства, при што му ветил дека ќе сторат се за отворен и транспарентен судски процес.
Претседателката на Собранието на Србија, Ана Брнабиќ денеска изјави дека не е постигнат договор меѓу власта и опозицијата за изборните услови, бидејќи се било сведено на дискусии за датуми за изборите.
Со усвојувањето на овој став, обврските на Србија од Бриселскиот и Охридскиот договор стануваат составен дел од процесот на пристапување на Србија во ЕУ.