Насобраните скандираа „Победа, победа“ бидејќи управата на Правниот факултет во Нови Сад се откажа од намерата да одржи испитен рок во зградат на судот. После тоа излегоа на протестна прошетка низ градските булевари, како поддршка на повредената студентка.
Дваесетгодишна студентка е тешко повредена во центарот на Белград откако во неа удри автомобил за време на протестна блокада на раскрсница. Возачот побегнал од местото, а полицијата соопшти дека е пронајден. Повредената девојка е пренесена во Ургентниот центар.
Српската Влада денеска го усвои Предлог-законот за воспоставување гарантна шема и субвенционирање на дел од каматата за поддршка на младите на возраст од 20 до 35 години за купување на нивниот прв недвижен имот, со аванс од еден процент.
Косовските власти вчера ги затворија сите објекти на општините и поштата кои работаат во српскиот систем јужно од Ибар. Зијаде предупреди оти „таквите еднострани акции носат ризик од дополнителен пад на довербата помеѓу заедницата и косовските власти“.
Георг Георгиев од партијата ГЕРБ на Бојко Борисов ќе ја извршува функцијата министер за надворешни работи во новата Влада на Бугарија, што ќе ја предводи премиерот Росен Жељазков.
Еврокомесарката за проширување Марта Кос од денеска ќе престојува во дводневна официјална посета на Црна Гора, каде што ќе се сретне со претставници на црногорскиот државен врв.
Народното собрание на Бугарија денеска ја избра новата Влада што ќе предводи премиерот Росен Жељазков.
Тој наведе дека се потребни само 67 потписи од пратеници од опозицијата, дека тоа го сакаат, а СНС ќе обезбеди уште 100 потписи и дека веднаш треба да се закаже советодавен референдум. Вучиќ нагласи дека не сака да остане на власт ниту еден ден ако тоа не е волјата на народот.
Со широко мнозинство, со 267 гласа „за“ од вкупно 300 пратеници, грчкиот Парламент го изгласа амандманот со кој се запира државното финансирање на радикално десничарска партија Спартанци, јави дописничката на МИА од Атина.
Косово мора да демонстрира и да остане доследно на своите заложби во рамките на Дијалогот олеснет од ЕУ и неговото неодамнешно повторно обврзување кон него.