Повторно е тензично пред албанскиот Парламент, каде е во тек пленарна седница, а надвор протестираат приврзаници на обединетата албанска опозиција и незадоволни граѓани.
Пештерата на Тито во босанскиот град Дрвар е затворена за посетители на неопределено време, откако одрон ја оштети дрвената барака што се наоѓа пред неа.
Албанскиот премиер Еди Рама од градот Либражд порача дека локалните избори во јуни ќе се одржат, со или без опозицијата.
Обединетата албанска опозиција за денеска во 9,30 часот го закажа осмиот протест, на кој повторно ќе побара оставка од премиерот Еди Рама и формирање преодна влада, која ќе спроведе фер и демократски избори.
„Нема да дозволиме овие простории да бидат арени на криминал во кои се одземаат човечки животи“, изјави косовскиот премиер“, Рамуш Харадинај, а пренесе „Еуроњуз“.
Комесарот за преговори за членство во ЕУ, Јоханес Хан, очекува дијалогот помеѓу Белград и Приштина да излезе од ќор-сокак и да резултира со договор, кој, како што кажа, ќе биде дефиниран на стотици страни.
Врховниот суд во Загреб денеска правосилно го осуди некогашниот премиер и претседател на Хрватска демократска заедница (ХДЗ), Иво Санадер на 4,5 години затвор поради кривично дело примање и давање мито во случајот „Планинска“
Врховниот касациски суд на Србија денеска ги прогласи за ништовни одредбите од договорите за станбени креди кои содржат девизна клаузула за пресметка на ратите во швајцарски франци
Целокупното ниво на усогласеност на Србија со препораките на антикорупциското тело на Советот на Европа, Групата на држави против корупцијата (ГРЕКО) за спречување на корупцијата меѓу на пратениците, судиите и обвинителите веќе не е „глобално незадоволително”, но земјата мора да ги имплементира нејзините препораки, се вели во новиот извештај на Советот за Европа објавен денеска
Поранешниот косовски премиер Бајрам Косуми предлага четирите „мали балкански земји“ – Албанија, Косово, Северна Македонија и Црна Гора, да формираат „модерна конфедерација“, во чија основа би биле заедничката дипломатија и војска, трговијата и слободниот проток на луѓе и стоки, јави дописникот на МИА од Приштина.