Претседателката на Хрватска Колинда Грабар-Китаровиќ во интервју за „Нови лист“ вели дека медиумите со пишувањето за нејзината облека и фризура, го игнорираат она што таа го работи, оценувајќи дека функционира претседател се претвора во естрада
Претседателот на Србија Александар Вучиќ по состанокот со премиерите на Романија, Бугарија и Грција во Букурешт, ја коментираше изјавата на косовскиот премиер Рамуш Харадинај, дека Србите во Косово се поттикнуваат да ги напуштат приштинските институции
Одбраната на поранешниот лидер на босанските Срби Радован Караџиќ се подготвува да поднесе барање за повторно судење поради нови докази на крајот на оваа или почетокот на 2020 година
Премиерите на Грција, Бугарија, Романија Бојко Борисов, Алексис Ципрас и Виорика Данчила и српскиот претседател Александар Вучиќ одржаа Четиристрана средба на високо ниво, која овојпат се одржува во Букурешт
На церемонијата на десет годишнината од членството во НАТО, албанскиот премиер Еди Рама изјави дека ситуацијата во регионот е променета и дека земјите повеќе не се непријатели едни кон други, туку заедно се борат против новите непријатели
Во последниот извештај на Стејт департментот, Албанија се посочува како извор на канабис и транзитна земја на кокаин и хероин
Уставниот суд на БиХ го оспори Законот за Денот на Република Српска – 9 јануари, врз основа на барање за оценување на уставноста на Денот на РС
Со низа активности Албанија денеска одбележува 10 години од членството во НАТО.
Европскиот парламент ја потврди поддршката за визната либерализација за жителите на Косово, но прашањето сега е во рацете на Советот на министри на Европската унија, поради загриженоста на некои членки на ЕУ, предизвикана од нелегалната миграција и недостигот на резултати во борбата против организираниот криминал и корупцијата, објави „Коха Диторе“.
Лидерот на паравоената словенечка група „Штаерска гарда“ Андреј Шишко денеска е осуден на осум месеци затвор поради обид за поткопување на уставниот поредок.