Романската судика Лаура Ковеси, фаворит за функцијата европски обвинител, е обвинета за корупција, соопшти извор од судот.
Американската невладина организација Фридом хаус се огласи по повод писмото што сопственикот на телевизијата Н1, Адриа њуз од Луксембург, што го упати на адреса на меѓународните и невладините организации, барајќи заштита за телевизијата Н1 и нејзините новинари од „кампањата што против нив ја водат високи државни и владини функционери во Србија“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ синоќа се сретна со европскиот комесар за преговори за проширување Јоханес Хан, со кого разговараше за евроинтеграциите на Србија, за ситуацијата во регионот и за проблемите во дијалогот со Приштина.
Поранешниот лидер на боснаските Срби, Радован Караџиќ, кој беше прогласен за виновен за најголемиот масакр на цивили во Европа по Втората светска војна, ја обжали пресудата на судот во Хаг, со која му беше изречена казна доживотен затвор
Косовскиот претседател Хашим Тачи на денешното одбележување на 20-годишнината од масакрот во селото Избица, порача дека Косово никогаш нема да го заборави геноцидот кој Србија го изврши во последната војна, иако „тие злосторства некој во светот се труди да бидат заборавени“
Европскиот комесар за соседска политика и проширување Јоханес Хан денеска ги повика лидерите во БиХ брзо да формираат власт заради продолжување на реформите во земјата
Албанскиот премиер Еди Рама денеска од говорницата на Парламентот во Тирана и порача на опозицијата дека компромис нема да има и оти со или без неа во Албанија ќе се одржат локалните избор
Грчката крајбрежна стража денеска спаси 36 мигранти на плажа на островот Хиос, додека две лица од групата се водат за исчезнати
Со обраќањето на лидерот на Демократската партија Љуљзим Баша и пеење на албанската национална химна пред партиското седиште, попладнево заврши денешниот седми по ред протест на обединетата албанска опозиција.
Бугарскиот премиер Бојко Борисов денеска ја прифати оставката на шефот на пратеничката група на ГЕРБ Цветан Цветанов по скандалот за купување станови под пазарната цена.