Напаѓачот на џамиите од Нов Зеланд во 2016 година два пати поминал низ Грција, користејќи ја како земја транзит, а еднаш допатувал во неколкудневен престој, соопшти грчката полиција.
НАТО треба да одговара за многу постапки, меѓу кои и за бомбардирањето на СР Југославија, оцени денеска членот на Одборот за меѓународни работи во рускиот Парламент Евгениј Примаков. Зборувајќи по повод 20 години од бомбардирањето на СРЈ тој оцени дека Алијансата треба да исплати надомест за штетата предизвикана од воените операции.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е подготвен да ја отвори темата за РТС и дека се согласува на дијалог со граѓаните, но дека не сака разговор со некои опозициски политичари.
Втор пат за една седмица, членови на грчката анархистичка група Рубикон „го нападнаа“ објектот на Министерството за животна средина на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ја прими денеска во својот кабинет помошничката државен секретар на Соединетите Американски Држави задолжена за меѓународни прашања за наркотици и владеење на правото, Кирстен Мeдисон, на која ѝ се заблагодари за постојаната американска поддршка за јакнењето на безбедносните капацитети на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
По ултиматумот на опозицијата за ослободување до денеска до 15 часот на сите приведени по вчерашните протести во Белград и блокадата на Претседателска палата во која се наоѓаше претседателот на Србија, Александар Вучиќ, претпладнево се огласи српската полиција, јави дописникот на МИА.
Три години по договорот меѓу ЕУ и Турција за надминување на мигрантската криза, Европската комисија сериозно ја критикува состојбата во грчките бегалските кампови, пишува германскиот весник „Велт Ам Зонтаг“.
Претседателот на Србија Александар Вучиќ синоќа повеќе пати истакна дека насилство веќе нема да биде дозволено и оти сите оние кои ќе прибегнат кон насилство ќе бидат приведени во истиот момент.
Имено иако имаше мал број на демонстранти кога тие сакаа да го пробијат кордонот полицијата употреби солзавец.