Важно е да се трага за мир и компромис, а да не се бараат причини за конфликти, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ по разговорите со италијанскиот премиер Џузепе Конте и истакна дека Србија, по укинувањето на таксите е подготвена за разговори со Приштина, што во иднина може да доведе до некакво консензуално решение.
Преседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ денеска изјави дека по решавање на спорот помеѓу Атина и Скопје треба да се работи на решавање на преостанатие проблеми во регионот.
Се чини дека Приштина е најгрдиот град во Европа, оценува репортер на Би-Би-Си, кој лани се нашол во близина на булеварите „Џорџ Буш“ и „Бил Клинтон“ во тој град во Косово.
Американскиот амбасадор во Србија, Кајл Скот, изјави дека САД не повлекуваат црвена линија кога станува збор за решавање на прашањето за Косово и дека клучот за Белград и Приштина е да се вратат на преговарачката маса.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај најави дека неговата српска колешка Ана Брнабиќ ќе биде меѓу поканетите да го посети Косово на почетокот на идниот месец, заедно со претседателите на влади на другите земји од регионот, јави дописникот на МИА од Приштина.
За пожарот во јули минатата година во областа Мати, во кој животот го загубија 100 лица, а беше причинета огромна материјална штета, грчкото обвинителство кривично гони 20 функционери меѓу кои префектот на периферијата Атика, градоначалниците на општините Маратонас и Рафина, поранешниот Генерален секретар за цивилна заштита, функционери во полицијата и противпожарната служба, но и еден 65-годишен маж кој е одговорен за избувнувањето на пожарот, јави дописничката на МИА од Атина.
За слетувањето на венецуелскиот владин авион на атинскиот аеродром во саботата, информација објавена од грчката телевизија „Скај“, а за која грчки владини извори коментираа дека причината била снабдување со гориво, со соопштение излезе Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан во интервју за „Фајненшел тајмс“ (ФТ) изјави дека Европска Унија го потцениla влијанието на Кина на Балканот и изрази загриженост поради кредитите што балканските земји ги земаат од Пекинг.
Генералниот секретаријат на Интерпол потврди дека примил ново барање од Косово за членство во таа организација, пишува приштинскиот весник „Бота сот“.
Косовскиот вицепремиер и копретседавач во приштинскиот тим за продолжување на преговорите со Белград, Фатмир Лимај напиша на Твитер дека платформата за дијалог оваа недела ќе се најде во косовскиот Парламент.