Портпаролката на Европска Унија, Маја Коцијанчич изјави дека ЕУ во целост ја почитува одлуката на Меѓународниот механизам за воени злосторства
Високиот претсетавник во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко изјави дека денешната пресуда за првиот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ изјави дека ја потврдува индивидуалната одговорност, а не колективната вина и дека тоа треба да е олеснување за сите чесни луѓе
Светските медиуми ја објавија веста за пресудата за Радован Караџиќ, а во голем број медиуми тоа е една од најважните вести, јави Танјуг
Лидерот на Партијата за заштита на човековите права (ПБДНЈ), партија на грчкото малцинство во Албанија, Вангел Дуле изјави дека во Албанија не се почитуваат правата на етничките малцинства
Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови, наследник на Хашкиот трибунал, денеска, по три години жалбена постапка, ја потврди затворската казна од 40 години на поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.
Албанскиот претседател Илир Мета за време на денешен престој во Подградец се осврна на длабоката политичка криза во која се наоѓа земјата и истакна дека е подготвен да се откажа од мандатот за доброто на земјата.
Лидерот на Самостојната либерална партија (СЛС) и пратеник во косовското Собрание Слободан Петровиќ, кој беше нападнат физички од двајца членови на партијата Српска листа (СЛ), изјави дека денешниот инцидент е последица на жестока кампања на таа партија и на кругови од Белград против него и СЛС, јави дописникот на МИА од Приштина.
Лидерот на Самостојната либерална партија (СЛС) и пратеник во косовското Собрание, Слободан Петровиќ денеска бил физички нападнат од двајца членови на партијата Српска листа (СЛ), додека се подготвувал да одржи прес-конференција, јави дописникот на МИА од Приштина.
Одговорниот за надворешна политика во грчката опозициска Нова демократија, Јоргос Кумуцакос, оствари низа средби со високи американски функционери при неговата посета на Вашингтон, а освен за билатералните односи и состојбата во регионот, станало збор и за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.
Според податоците на косовската Агенција за статистика, во Косово во моментов има 159.684 невработени, што претставува 31,4 отсто од работоспособното население, јави дописникот на МИА од Приштина.