Како што најавија од опозицискиот Сојуз за Србија (СзС) денеска пред зградата на општина Гроцка, во близина на Белград, се одржа протест со цел разрешување од функцијата на претседателот на општината – Драгољуб Симоновиќ од владејачката Српска напредна партија (СНС), за кого е покренато обвинение дека е нарачател на палењето на куќата на новинарот Милан Јовановиќ.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај порача денеска дека никој не е над законот и дека Косово има капацитети и храброст да се соочи со комплексни предизвици во јакнењето на правната држава, јави дописникот на МИА од Приштина.
Речиси шест од десет научници од Грција (58 отсто), што живеат и работат во странство, сакаат да се вратат назад во земјата, покажуваат резултатите од истражувањето спроведено од грчкиот Национален центар за документација, пренесуваат грчките медиуми.
Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови (наследник на Хашкиот трибунал) денеска, по три години жалбена постапка, ќе ја изрече второстепената пресуда за поранешниот лидер на босанските Срби, Радован Караџиќ.
Претседателот на Венецијанската комисија, Џани Букикио оцени дека од вакуумот со нефункционирањето на Уставниот суд во Албанија, полза има албанската Влада.
Јавното обвинителство во Тирана ги повика на разговор лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија (ПД), Љуљзим Баша и поранешниот партиски генерален секретар Арбен Ристани, во врска со договорите за лобирање на партијата во САД за време на последните парламентарни избори во Албанија
Шефицата на дипломатијата на ЕУ Федерика Могерини изјави дека за лидерите на Западен Балкан постојат две опции – да си постават високи цели или да не направат ништо
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај ги отфрли денеска како апсурдни тврдењата на официјален Белград дека тој или некој друг од државниот врв на Косово стои зад протестите во Србија против српскиот претседател Александар Вучиќ, јави дописникот на МИА од Приштина
Еврокомесарот за проширување Јоханес Хан и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини денеска оценија дека ЕУ е фокусирана и ангажирана на зајакнување на владеењето на правото и демократијата во земјите од Западен Балкан
Србија е во исчекување на аболицијата на шефот на државата Александар Вучиќ, што ќе влијае на натамошните чекори на опозицијата и на протестите, јави дописникот на МИА од Белград