Амбасадорот на САД во Косово, Филип Коснет денеска изрази разочарување поради недоволните залагања на косовските државни институциите за искоренување на корупцијата, јави дописникот на МИА од Приштина
Долгонајавуваната посета на грчкиот премиер Алексис Ципрас на Македонија ќе се случи на 2 април, вторник, пишуваат грчките медиумите.
Клучната порака и лекцијата од тримесечните протести е дека Вучиќ може да падне само ако е притиснат. Преку институциите, ние повеќе не можеме ништо повеќе да сториме. Не функционира ниту Уставниот суд ниту Националното собрание, ниту полицијата и судовите и единствениот начин за да се избориме е да одиме преку вониституционален пат, изјави еден од лидерите на Сојузот за Србија (СзС) и лидер на Двери, Бошко Обрадовиќ на прес-конференцијата во Чачак.
Амбасадорот на ОБСЕ во Тирана, Бернд Бошард откажувањето на албанската опозицијата од пратеничките мандати го оцени како чин без преседан и лош пример за регионот.
Децата родени меѓу 1999 и 2015 година биле изложени на токсичен фактор, кој влијаел да бидат подложни на малигни болести, покажа студијата на Комисијата за истражување на последиците од НАТО бомбардирањето..
Косовскиот претседател Хашим Тачи изјави дека финализацијата на Мировната конференција во Рамбује во Франција, на денешен ден пред 20 години, беше првата дипломатска победа на Косово, која го отвори патот за интервенцијата на НАТО и запирањето на етничкото чистење во Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Во Босна и Херцеговина со голем интерес се очекува одлуката на Жалбениот совет на Меѓународниот резидуален механизам за кривични судови, каде утре ќе биде изречена правосилна пресуда за Радован Караџиќ, кој во прв степен е осуден на 40 години затвор за злосторства извршени за време на последната војна на територијата на таа држава.
Претседателот на Парламентот на Грција, Никос Вуцис е оптимист дека грчкиот народ со текот на времето ќе ја сфати корисноста на Договорот од Преспа.
Мајките на Сребреница заминаа утрово во Хаг, каде утре ќе присуствуваат на изрекувањето на пресудата на Радован Караџиќ.
Во регионот има храбри луѓе, а пример за тоа е постигнувањето на договор меѓу Грција и Македонија, со кој е решено нешто за кое до пред две години се мислеше дека е нерешливо, изјави синоќа црногорскиот министер за одбрана Предраг Бошковиќ.