Министерката за евроинтеграции на Косово, Дурата Хоџа изјави дека од средбите што ги имала во повеќе земји на Европската унија сфатила дека укинувањето на визите за косовските граѓани во моентов не е приоритет на Брисел, јави дописникот на МИА од Приштина.
На прагот на пролетта, во хрватски Горски Котор паѓа снег, патиштата се влажни во поголемиот дел од земјата, а крајбрежјето е зафатено од бура.
Српскиот претседател Александар Вучиќ ќе ги помилува сите лица што беа уапсени на протестите, кои ќе побараат помилување, јави „Блиц“.
Српскиот претседател Александар Вучиќ постојано го споменува „македонското сценарио“, но тој греши и не разбира. Тоа што Вучиќ не го разбира и кога говори за „македонско сценарио“, тој зборува за сценарио со кое не напаѓа нас, сите нас од опозицијата, изјави денеска лидерот на Српската Левица Борко Стефановиќ
Претставниците на Сојузот за Србија (СС) денеска ги повикаа надлежните и српскиот претседател Александар Вучиќ да ги ослободи уапсените луѓе за немирите на протестите и најавија дека во спротивно ќе организираат мирни протести и дежурства пред Претседателството
Протестниот собир на учениците од Филолошката гимназија во Белград заврши, а демонстрантите побараа во рок од 48 часа да биде ослободен Павле Цвејиќ и да биде избришано неговото досие
Напаѓачот на џамиите од Нов Зеланд во 2016 година два пати поминал низ Грција, користејќи ја како земја транзит, а еднаш допатувал во неколкудневен престој, соопшти грчката полиција.
НАТО треба да одговара за многу постапки, меѓу кои и за бомбардирањето на СР Југославија, оцени денеска членот на Одборот за меѓународни работи во рускиот Парламент Евгениј Примаков. Зборувајќи по повод 20 години од бомбардирањето на СРЈ тој оцени дека Алијансата треба да исплати надомест за штетата предизвикана од воените операции.
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека е подготвен да ја отвори темата за РТС и дека се согласува на дијалог со граѓаните, но дека не сака разговор со некои опозициски политичари.
Втор пат за една седмица, членови на грчката анархистичка група Рубикон „го нападнаа“ објектот на Министерството за животна средина на Грција, јави дописничката на МИА од Атина.