Дачиќ изјави дека има најави оти западните земји ќе побараат процедурално гласање пред усвојување на дневниот ред и затоа е неизвесно дали седницата ќе се одржи.
Специјалниот апелациски суд во Тирана го одби барањето на лидерот на побројното крило на опозициската Демократска партија и поранешен премиер Сали Бериша да учествува на пленарните седници.
Косово и Србија денеска разговараа за нивните предлози за прашањето за српскиот динар, чија употреба од 1 февруари беше забранета за готовинско плаќање во Косово.
Седницата на Комисијата за политички прашања и демократија на Парламентарното собрание на Советот на Европа, на која ќе се расправа за апликацијата за членство на Косово, ќе се одржи в среда, на 27 март.
Европската комисија објави дека одобрува доделување помош за земјоделците во Бугарија во вкупна вредност од 86,9 милиони евра поради последиците од руската војна против Украина.
Амбасадорот на САД во Косово, Џефри Ховениер се сретнал денеска со претседателите на стопанските комори на Косово и Србија, Љуљзим Рафуна и Марко Чадеж, со кои разговарал за начините за подобрување на соработката меѓу бизниси на две земји, јави дописникот на МИА од Приштина.
На небото над Атина прелетуваа авиони и хеликоптери на военото воздухопловство, на полицијата и противпожарната служба.
Советот на ЕУ денеска одлучи да го продолжи режимот на рестриктивни мерки кон лица кои со своите постапки ги загрозуваат суверенитетот, интегритетот и безбедноста на Босна и Херцеговина за уште две години до 31 март 2026 година, јави дописникот на МИА од Брисел.
Во Брисел со посредство на ЕУ почна трилатералната средба на главните преговарачи во дијалогот меѓу Белград и Приштина, Петар Петковиќ и Бесник Бисљими, на која присуствуваат и експерти, јави дописникот на МИА од Белград.
Веднаш по несреќата во медиумите беа објавени аудиозаписи од разговорите меѓу одговорните на железничките станици, според кои надлежниот од станицата во Лариса дал наредба патничкиот воз да тргне на погрешна пруга што резултираше со директен судир со товарниот.