На средбите биле потврдени одличните односи помеѓу двете земји и беше истакната силната поддршка од САД за реформските процеси во Црна Гора.
Четири лица се уапсени за регрутирање и принудување на проституција на малолетни девојчиња во хотели во Атина во акција на грчката полиција, а „мозокот“ на криминалната група била 25-годишна девојка, јави дописничката на МИА од Атина.
Нова рунда од дијалогот Белград - Приштина ќе се одржи денеска во Брисел. Делегацијата од Белград ја предводи директорот на Канцеларијата за Косово и Метохија, Петар Петковиќ.
-Идејата за Мостот на пријателството е емотивен дел од дизајнот кој ги истакнува оригиналните градби и е потсетник на визијата на архитектот Никола Добровиќ, рече Гренел.
Премиерот и претседател на Хрватската демократска заедница (ХДЗ) Андреј Пленковиќ денеска оцени дека постапките на претседателот Зоран Милановиќ и опозициската Социјалдемократска партија (СДП) се обид за мини државен удар.
Што би рекол нашиот народ, Вјоса Османи лаже како куче! Договор за динарот не е постигнат, а тие што се силни и моќни единствено што прават е да му наметнуваат решенија на српскиот народ на Косово и Метохија, напиша Петковиќ на социјалната мрежа Х.
Претходно денеска Уставниот суд со мнозинство гласови одлучи Милановиќ да не може да учествува на парламентарните избори ниту како кандидат за пратеник, ниту како кандидат за премиер, ниту може да учествува во изборна кампања.
Двете партии постигнаа договор за поделба на власта по минатогодишните избори во обид да стават крај на 2,5-годишната политичка криза, да ја вратат стабилноста и да го поттикнат економскиот развој во најсиромашната земја-членка на Европската унија.
На средба со новинарите при денешната посета на општина Липљан, Османи рече дека за останатиот дел од американскиот предлог би било идеално да има договор меѓу страните во Брисел, на следната средба што се очекува да се одржи утре, 19 март, на ниво на главни преговарачи на Косово и Србија.
Втора поголема пратка хуманитарна помош за Газа во рамките на иницијативата „Амалтиа“, подготвена е да отплови од Кипар, според шефот на кипарската дипломатија Константинос Комбос, кој откри дека в четврток ќе бидат домаќини на над 40 земји за координација за поморскиот хуманитарен коридор, јави дописничката на МИА од Атина.