Албанскиот премиер Еди Рама на денешната промоција на нови возила за полицијата, најави донсеување закон за формирање, како што рече, суперспецијална единица за заштита на редот и борба против силните, нагласувајќи дека се разгледува и можноста за формирање жандармерија.
Претседателката на третата по голема политичка партија во Албанија, опозициското Социјалистичко движење за интеграција, Моника Круемади порача дека премиерот Еди Рама е во „последните мигови на неговиот политички деспотизам“.
Основниот суд во Приштина им одреди денеска 30-дневен притвор на тројцата Срби кои беа уапсени вчера во Косовска Митровица поради наводна вмешаност во убиството на лидерот на косовската Граѓанска иницијатива СДП, Оливер Ивановиќ.
Лидерот на албанската опозициска Демократска партија, Љуљзим Баша го обвини премиерот Еди Рама дека „апси деца, додека криминалот ја убива Албанија“.
Борко Стефановиќ, претседател на партијата Левица на Србија и еден од основачите на Сојузот за Србија, изјави денеска дека нападот врз него и врз двајцата активисти на партијата во Крушевац не е случаен, туку е организиран и претставува смислен обид за убиство.
Српскиот министер за одбрана Александар Вулин денеска изјави дека „единствен начин за Србија да го признае Косово е (претседателот на Србија Александар) Вучиќ да биде сменет со некој послушен и слаб“.
Србија би можела да претрпи штета од околу 22 милиони евра поради зголемувањето на царините на 100 отсто на стоката која ја пласира на косовските пазари, како и поради инсистирањето на приштинските власти на декларациите да пишува „Република Косово“, поради што трговијата е целосно блокирана, наведува српски „Блиц“.
Австрискиот вицеканцелар Хајнц-Кристијан Штрахе смета дека официјална Виена треба да предложи организирање мировна конференција за решавање на косовското прашање и повторно ја поддржа идејата за размена на територии.
Делниците од автопатот на Коридорот 10 кон македонската граница, Долни Нерадовац – Српска куќа и Српска куќа – Левосоје, пуштени се во сообраќај, соопшти Јавното претпријатие „Патишта Србија“.
Објаснувајќи ја состојбата со гласањето во Интерпол за членството на Косово, Вучиќ рече да Приштина сака да ја прикаже Србија во светот како виновник за неуспехот на Приштина.