Поранешниот словенечки премиер и лидер на словенечката опозиција, Јанез Јанша е осуден со првостепена пресуда на три месеци условна затворска казна поради навреда на две новинарки, кои ги нарекол „медиумски проститутки”.
Косовските медиуми, како што јави дописникот на МИА од Приштина, ја објавија изјава на Грасо дека „косовската полиција во петокот наутро спроведе акција врз основа на налог издаден од обвинител на Специјалното обвинителство на Косово, во врска со убиството на Ивановиќ“.
Во Крушевац вечерва во пресрет на одржување на трибината на опозицискиот Сојуз за Србија, брутално беше претепан Борко Стефановиќ, претседател на партијата Левица на Србија и еден од основачите на Сојузот за Србија.
Хрватскиот и бошњачкиот член на Претседателството на БиХ, Желко Комшиќ и Шефик Џаферовиќ, денеска најавија дека ќе го пријават својот српски колега, Милорад Додик, кој во државните канцеларии на врвот внесе знаме на Република Српска (РС), со што го прекршил законот.
Партијата на косовските Срби (ПКС), на чие чело е поранешниот министер за заедници и враќање на иселените во Косово и екс-лидер на Српската листа (СЛ), Александар Јаблановиќ, ја поддржа денешната акција на косовската полиција во северна Митровица, во која беа уапсени неколку Срби осомничени за убиството на Оливер Ивановиќ на почетокот на годинава, јави дописникот на МИА од Приштина.
Повеќе десетина косовски невладини организации упатија отворено писмо на шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини, од која бараат да се „воздржи од натамошно залагање за етничка размена на териториите меѓу Косово и Србија“.
Лидерот на словенечката опозиција и поранешен премиер Јанез Јанша денеска неправосилно е осуден на три месеци условна затворска казна бидејќи на Твитер навреди две новинарки од Словенечката телевизија. Затворската казна ќе се активира доколку во период од една година го повтори делото.
Претседавачот со Претседателството на БиХ Милорад Додик изјави денеска дека му одговорил на претседателот на САД Доналд Трамп, по повод неговата честитка за Денот на државноста на членовите на Претседателството на БиХ, така што му упатил писмо во кое му објаснил дека Денот на државноста на БиХ не е негов празник.
Во центарот на Приштина поставени се билборди со благодарност за премиерот Рамуш Харадинај поради неговата одлука да воведе такси од 100 отсто на стоката која се убезува од Србија и БиХ во Косово.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц изрази жалење поради одлуката на Владата на Косово за зголемување на таксите за 100 отсто за стоката од Србија и Босна и Херцеговина.