Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска имаше телефонски разговор со еврокомесарот за проширување Јоханес Хан за ситуацијата во Косово.
Претставници на Европската Унија и на Руската Федерација на 21 ноември одржале состанок за Западниот Балкан и проширувањето на ЕУ.
Европската унија внимателно го следи денешниот развој на ситуацијата во Косово и е во постојан контакт со различни страни, изјави Маја Коцијанчиќ, портпарол на високата претставничка за надворешна и безбедносна политика на ЕУ Федерика Могерини.
Откако Вишиот суд во Подгорица донесе решение за притвор на Бранка Милиќ, обвинета за обид за тероризам за време на парламентарните избори во Црна Гора на 16 октомври 2016 година, таа ја напушти судската зграда и избега во српската амбасада.
Приштинскиот портал „Газета Експрес“, по повод денешните настани во северна Митровица, каде што во акција на специјалната полиција беа уапсени неколку косовски Срби осомничени за убиството на политичарот Оливер Ивановиќ, коментира дека со ова започна реализацијата на намерата на претседателите на Косово и Србија, Хашим Тачи и Александар Вучиќ, за поделба на земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот премиер Рамуш Харадина, по денешната средба со амбасадорите на Соединетите Американски Држави, Велика Британија, Германија, Франција и Италија, изјави дека таксата што неговата Влада ја воведе за производите од Србија и Босна и Херцеговина нема да се укине и нагласи дека прехранбените продукти се загарантирани за сите во земјата, јави дописникот на МИА од Приштина.
Лидерот на најголемата албанската опозициска партија, Демократската, Љуљзим Баша, на денешната прес-конференција,зборуваше за „црвена линија“ во случајот со прашањето околу уривањето на објектите во населбата „Астир“ заради изградба на новата голема обиколница во Тирана.
Единици на меѓународните сили на Косово, КФОР, денеска се распоредени во близина на протестите на косовските Срби, организирани против одлуката на Владата на Рамуш Харадинај за зголемување од 100 отсто на таксите за увоз на производи од Србија, јави дописникот на МИА од Приштина.
Потпретседателот на партијата на косовските Срби, Српска листа, Игор Симиќ порача на денешниот протестен собир во северна Митровица по повод таксата од 100 отсто што Владата во Приштина ја воведе на производите од Србија, дека не може да се говори за мир и безбедност во земјата кога Србите немаат леб да јадат, јави дописникот на МИА.
Упадот на единиците на РОСУ во Северна Митровица покажа дека силите на КФОР, односно на НАТО, намерно ја измамиле севкупната јавност и денеска на сите им е јасно според чиј налог и со чија помош преставниците на НАТО лажеле, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ во разговор со кинескиот амбасадор во Белград, Ли Манчанг.