Грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска ја исклучи можноста за одржување предвремени парламентарни избори по оставката на министерот за надворешни работи Никос Коѕијас, истакнувајќи дека неговата Влада се уште има поддршка од мнозинството пратеници.
Само еден отсто е разликата меѓу оние кои сметаат дека ќе се реализира и оние кои сметаат дека нема да се спроведе Договорот од Преспа, покажува последното истражување на јавното мислење во Грција, спроведено од агенцијата „Пулс“ за грчката телевизија „Скај“.
Со свечена заклетва во претседателската палата во Атина и со примо-предавање на функцијата во Министерството за надворешни работи на Грција, премиерит Алексис Ципрас утре и официјално ќе ја преземе должност шеф на дипломатијата.
Првиот потпретседател на Владата на Србија и министер за надворешни работи Ивица Дачиќ денеска во Стразбур порача дека Белград го уважува принципот на територијален интегритет, само се поставува прашањето од кога тој принцип ќе се применува.
Лидерот на најголемата албанска опозициска сила, Демократската партија (ПД), Љуљзим Баша изјави дека опозицијата нема да се согласи да оди на избори доколку актуелниот премиер Еди Рама биде на таа функција.
САД го поддржуваат дијалогот меѓу Белград и Приштина чија цел е постигнување договор за целосна нормализација на меѓусебните односи, изјави во Белград американскиот заменик помошник државен секретар Метју Палмер по средбата со српскиот претседател Александар Вучиќ.
Официјална Тирана го честиташе усвојувањето на законите во косовскиот законодавен дом за трансформација на Безбедносните сили на Косово(ФСК) во војска на Косово,искажувајќи поддршка во тој правец.
Грчката опозициска партија Нова демократија, преку портпаролката и европратеничката, Мариа Спираки, бара од владата да ја објави оставката на Коѕијас за „сите Грци да се информираат што точно се случило“.
Шефот на турската дипломатијата Мевлут Чавушоглу побара од Албанија да ги протера „турските терористи“ кои, според него се навлезени во албанските институции.
Коалицијата на новинари и здруженија на медиуми денеска оцени дека последниот напад на српскиот претседател Александар Вучиќ на Телевизијата Н1 е продолжение на „жесток притисок од страна на властите врз професионални и непослушни медиуми и новинари“.