Министерот за одбрана Александар Вулин изјави денеска дека ќе разговара со претставниците на мисијата КФОР, во врска со усвојувањето на законот во косовскиот Парламент, со кој се дозволува формирање на косовската армија.
Доколку се формира војска на Косово, врз претседателот на Србија Александар Вучиќ ќе биде извршен голем внатрешен притисок за властите во Белград да прогласат окупација на Косово, бидејќи според сите договори, само КФОР се тие кои можат да бидат на таа територија како воена формација.
Босна и Херцеговина не ја поддржува желбата на Косово за членство во меѓународни и регионални организации, како и можната кандидатура на Приштина за членство во Интерпол, соопштии Министерството за надворешни работи на Босна и Херцеговина.
НАТО ги поддржува Косовските безбедносни сили (КБС) во нивниот сегашен мандат, а ако тој мандат се смени, Северноатланската алијанса ќе мора да го преиспита нивото на ангажирање на НАТО на Косово, изјави неименуван претставник на НАТО за британски медиуми.
Се надевам дека ќе биде сѐ во ред со Договорот од Преспа, бидејќи во спротивно оние кои веруваат во лесни решенија ќе видат колку потешки можат да станат работите, рече доцна синоќа поранешниот министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, по завршувањето на состанокот на политичкиот секретаријат на неговото движење на идеи и активности Прато.
Шефот на пратеничката група на Демократскиот сојуз на Косово (ЛДК) Авдулах Хоти смета дека наводите дека косовските Срби се уплашени од формирањето војска на Косово се неточни, а нивното претставување како жртви е лажна пропагнда од страна на Белград, јави дописникот на МИА од Приштина.
Косовскиот претседател Хашим Тачи нагласи синоќа дека Белград и Приштина не треба да се блокираат еден со друг.
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу доцна попладнево допатува во официјална посета на Тирана, на покана на неговиот албански колега Дитмир Бушати.
Бродот „Лисус“ на албанската Воена морнарица за кус временски рок учествувал во две одделни спасувачки операции во водите на Егејското Море, во кои се спасени 73 илегални мигранти .
Косовската полиција денеска соопшти дека по преземена обемна акција во регионот на Приштина и на Косовска Митровица, уапсила пет лица осомничени за нелегална трговија со оружје.