Обвинувањата од Панос Каменос до Никос Коѕијас за лошо водење на тајните фондови, се чини, било тоа што ја прелеала чашата и го натера, сега веќе поранешниот, министер за надворешни работи на Грција да си поднесе оставка. Грчките медиуми, детално ги анализираат причините за повлекувањето на Коѕијас, а несогласувањата на завчерашната владина седница, како за фондовите така и за Договорот од Преспа, биле само последната капка.
Косовскиот премиер Рамуш Харадинај изјави дека Србија ја финансирала идејата за промена на границите, која има поддршка во Косово, објави денеска „Коха Диторе“.
Косовското Собрание ќе одржи денеска пленарна седница, на која меѓу 46-те точки на дневен ред се и трите нацрт-закони со кои е предвидена трансформацијта на Безбедносните сили на Косоово (ФСК) во воjска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Пратеникот од движењето Двери, Срѓан Ного во емисија на Јутјуб каналот им се заканил со смрт на српскиот претседател Александар Вучиќ и на премиерката Ана Брнабиќ.
Осомничениот за убиството на новинарката Викторија Маринова од бугарскиот град Русе, Северин Красимиров денеска беше екстрадиран од Германија во Бугарија.
Министерот за Безбедносните сили на Косово (ФСК), Рустем Бериша, на денешната средба со припадници на таа формација од српска националност, изрази жалење што некои од членовите на таа етничка заедница се повлекоа од ФСК, јави дописникот на МИА од Приштина.
Ципрас го одбра Каменос, е коментарот на грчките опозициски партии по оставката на Никос Коѕијас.
Црногорската полиција соопшти дека спречила бомбашки напад во Подгорица, при што уапсила три лица под сомнеж дека „се подготвувале да извршат тешко кривично дело со употреба на бомба“.
Заминувањето на УНМИК од Косово, како и формирањето војска на Косово, би ја довело Србија во ужасно тешка позиција, оцени српскиот претседател Александар Вучиќ. По повод писмото на американската амбасадорка во ОН Ники Хејли со кое бара повлекување на УНМИК од Косово, Вучиќ истакна дека САД сакаат да отстранат се што Обединетите нации претставуваат во Косово, бидејќи за нив Косово е независна и суверена држава.
Сакаа длабоко да ме закопаат, но заборавија дека сум семе, порача шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕијас преку неговиот Твитер профил, кусо по поднесената оставка, користејќи делови од песна на грчки композитор и поема на грчки поет.