Алексис Ципрас објасни дека со болка во срцето ја прифатил оставката на Коѕијас, истакна дека оваа одлука, но и одлуката тој самиот да го презеде Министерството за надворешни работи во следниот период е одлука со повеќе пораки, како кон надворешноста, така и кон внатрешноста, но и кон неговата влада.
Како што јави дописничката на МИА од Атина, Алексис Ципрас во четириминутната изјава испрати пораки во повеќе насоки, како до нашата земја, така и до внатрешноста на Грција, но и до членовите на неговата влада.
Припадниците на албанската армиска единица „Командоси“ го освоија третото место меѓу 137 патролни тимови и повеќе од илјада војници кои учествуваа на меѓународна воена вежба „Cambrian Patrol 2018“ во Обединетото Кралство.
Австрискиот претседател Александер ван дер Белен денеска во Белград изјави дека Австрија ќе гледа позитивно на секое мирно и взаемно прифатливо решение за Косово, за кое ќе се договорат Белград и Приштина.
Раководењето со Министерството за надворешни работи ќе го преземе премиерот на Грција „за да помогне со сите сили за успешно завршување на Договорот од Преспа“.
Министерот за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас ја доставил неговата оставка до грчкиот премиер Алексис Ципрас, според информациите во новинарските кругови во Грција, јави дописничката на МИА од Атина.
За прашањата и последните случувања во надворешната политика вчера во премиерската палата разговарале шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас и шефот на државата Прокопис Павлопулос. Тие имале средба која имала неофицијален и неформален карактер, според информациите на дописничката на МИА од Атина.
Косовската опозиција се надева дека ќе добие поддршка од дел од пратениците од владејачката коалиција во Собранието на Косово, што ќе ѝ овозможи изгласување недоверба за кабинетот на премиерот Рамуш Харадинај, јави дописникот на МИА од Приштина.
Поради тоа што не добил доволна поддршка од грчкиот премиер во кавгата со Каменос за време на вчерашната владина седница, шефот на грчката дипломатија Никос Коѕијас се заканил дека ќе си поднесе оставка. Ова, повикувајќи се на свои информации, го објавија дел од грчките медиуми.
Атлантскиот клуб на Бугарија и Атлантскиот совет на Србија, со поддршка на програмата НАТО „Наука за мир и безбедност", од денеска до 19 октомври организираат истражувачка работилница на тема „Основната подготвеност во кибер-одбраната на Балканот" во Белград.