Претставници на косовските владејачки партии постигнаа договор за финалната фаза од дијалогот за нормализација на односите со Белград. Тие изработија резолуција во која напишаа дека косовскиот Парламент може да донесе одлука за територијата, јавија приштински медиуми.
Пратеникот во Собранието на Косово и претседател на Комисијата за безбедност и надзор врз Безбедносните сили на Косово (ФСК), Хаџи Шаља, тврди дека над 100 од вкупно 120-те пратеници во косовскиот законодавен дом ќе гласаат за трансформација на ФСК во војска на Косово, јави дописникот на МИА од Приштина.
Претседавачот со воениот Комитет на НАТО, маршал Стјуарт Пич изјавио дека НАТО преку КФОР „ќе продолжи да врши своја мисија во интерес на Косово и регионот“.
НАТО силно го поддржува дијалогот Белград – Приштина и сите напори што ќе резултираат со намалување на тензиите и ќе ги решат проблемите, изјави генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг.
Во Босна и Херцеговина денеска се одржуваат избори, осми по ред на сите нивоа на власта од прогласувањето независност на таа држава во 1992 година.
Вкупно 34 лица починале од западнонилска треска во Грција, соопшти Националниот центар за контрола и превенција на болести.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, коментарјќи ја вчерашната изјава на претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер дека на Западен Балкан му се заканува сценарио од 1990-тите доколку ја изгуби перспективата за членството во ЕУ, изјави дека таа можност не би ја исклучил.
Косовски обвинители соопштија дека против шест лица се поднесени обвиненија за планирање терористички напади и регрутирање за екстремистички групи.
Регистрирано е зголемување на бројот на мигранти и бегалци кои по море пристигнуваат во Грција од Турција, соопшти Високиот комесаријат за бегалци на ОН (УНХЦР).
Српскиот адвокат Срѓан Алексиќ поднесе тужба против НАТО поради употреба на муниција со осиромашен ураниум за време на воздушнита напади врз поранешна СР Југославија во 1999 година.